Овој потег на Фејсбук е дел од иницијативата „Дата Трансвер Проект“ во која освен Фејсбук учествуваат и Гугл, Епл, Мајкрософт и Твитер а чија заедничка цел е да им се олесни на корисниците да ги контролираат податоците.
Проектот би требало да ја олесни и миграцијата на податоци помеѓу сите партнерства, давајќи им на корисниците слобода во изборот.
За почеток лесното пренесување на слики од фејсбук на Гугл е активирано од оваа недела за корисниците од Ирска, додека за остатокот од светот оваа можност ќе биде достапна следната година.
Во проектот се вградени сите потребни безбедносни мерки за до податоците да можат да дојдат само исклучителни нивните сопственици и да не дојде до евентуално губење на податоците.