Тркалезна маса за идните чекори во процесот на пристапување во ЕУ

Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) денеска во Скопје организира тркалезна маса на тема „EU accession: no pass to an impasse?" (Пристапување во ЕУ: нема излез од ќорсокак?").

Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) денеска во Скопје организира тркалезна маса на тема „EU accession: no pass to an impasse?" (Пристапување во ЕУ: нема излез од ќорсокак?"), на која ќе се разговара за идните чекори во процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ, како и за поврзување на дискусиите помеѓу ЕУ и регионот за овој процес, по недобивањето датумот за почеток на преговорите.

На тркалезната маса најавено е учество на заменик-министер за надворешни работи Андреј Жерновски, на Малинка Ристевска Јорданова, членка на управниот одбор на ЕПИ, на Валеска Еш, програмска директорка во Институтот Аспен од Германија, Себастиен Грику, политички советник во фондацијата „Жан Журес" од Франција, како и на Воутер Звеерс, истражувач во Клингендал институтот од Холандија.

Настанот има цел да ги доближи дискусиите и перцепциите за процесот на пристапување од релевантни чинители од Франција, Холандија и Германија, наведуваат од Институтот за европска политика – Скопје. /МИА

Во израелски напад врз бегалскиот камп Нусеират загинаа најмалку 17 луѓе

Најмалку 17 луѓе загинаа при синоќешното израелско бомбардирање врз бегалскиот камп Нусеират во централниот дел на Појасот Газа, објавија локалните медиуми.

Најмалку 274 раселени Палестинци се убиени во бегалскиот камп Нусеират во текот на месецот, откако израелската армија изврши операција за спасување на четири израелски заложници. /МИА

Ана Курњикова ги почести следачите со нова слика од познатото семејство

Поранешната руска тенисерка Ана Курњикова изминатиов викенд ги почести своите обожаватели и следачи на Инстаграм-профилот со слика од нејзиното семејство.

„Среќен Ден на таткото на мојот маж Енрике Иглесијас! И за сите татковци!!!", напиша таа.

Парот е заедно од 2001 година, имаат три деца, но никогаш не се венчаа. „Никогаш навистина не мислев дека бракот ќе значи нешто. Не можеш да сакаш некого поради парче хартија. Во денешно време не е табу-тема да имаш деца и да не си во брак", изјави еднаш познатиот латино-пејач.

Ана и Енрике, инаку, го чуваат својот приватен живот за себе, далеку од очите на јавноста. Токму поради тоа, овој нејзин потег нивните обожаватели го дочекаа како вистинско освежување, по што следеше долга низа топли коментари под објавата. /MИА

Путин доаѓа во Северна Кореја, го пофали ким дека ја поддржува војната во Украина

Путин вети дека ќе изгради трговски и безбедносни системи со Северна Кореја кои нема да бидат контролирани од Западот.

Владимир Путин уште еднаш го пофали Ким Џонг Ун дека ја поддржува војната во Украина во пресрет на првата посета на Северна Кореја од 2000 година. Се очекува рускиот претседател денеска да пристигне во Пјонгјанг, девет месеци откако Ким ја посети Русија.

Во писмо објавено во севернокорејските медиуми, Путин вети дека ќе изгради трговски и безбедносни системи со Северна Кореја кои нема да бидат контролирани од Западот и дека ќе ги поддржува нејзините напори да ги брани своите интереси од американските воени закани, уцени и притисоци. Тој вели дека двете земји ќе продолжат одлучно да се спротивставуваат на западните амбиции да се спречи воспоставување мултиполарен светски поредок заснован врз заемно почитување на правдата.

САД соопштија дека се загрижени за продлабочувањето на односите помеѓу Русија и Северна Кореја.

притисни ентер