Секс- скандал: Професорка спиела со пет ученици

Фиона Виоти спиела со ученици од училиштето Бишопс Дајосесан Колеџ во Кејптаун помеѓу 2013 и 2019 година, потврдила истрагата.

Мажената професорка по историја во едно од најелитните училишта во Јужноафричката Република имала сексуална афера со барем пет ученици.

Секс скандалот го обелоденил еден 18 годишен ученик, со тврдења дека бил во интензивна врска со неа и дека почнала да врши притисок кога тој сакал да раскинат.

-На почетокот се согласуваше на се, но стана жртва кога не можеше да раскине. Професорката на почетокот му праќаше пораки да се најдат кај нејзе дома, но достигна ниво кога од се му беше доста, вели родителот на ученикот и додава дека професорката не сакала да го остави на мира па на крајот отишле кај директорот.

Фиона ја користела шансата да заведува тинејџери и како тренер на ватерполо тимот, а ненадејно во октомври си дала отказ, неколку дена пред обвинувањата да се појават во јавност.

Приватните истражувачи кои ги ангажирало училиштето откриле дека таа целела кон полнолетни ученици барем шест години пред и после мажењето за инвеститорот Пав Виоти. Пронашле и нејзини експлицитни снимки кои кружеле низ училиштето и интернетот, но не е откриено на кого му ги праќала.

Професорката претходно работела како модел и нејзини фотографии се појавувале по разни списанија.

Инаку нејзиниот дедо бил директор на училиштето во кое таа работи, додека нејзиниот татко како и таа, предавале историја.

Локалните медиуми пишуваат дека нема да биде покрената дисциплинска постапка затоа што таа веќе дала отказ, но дека е малку веројатно дека таа некогаш ќе може да предава повторно.

Адвокатот на Фиона вели дека таа оди на терапија кај психијатар а нејзиниот маж рекол дека после овој скандал тие се разведуваат.

притисни ентер