Спасовски: Безбедносното партнерство овозможува развој на цивилизациски стандарди

Безбедносното партнерство низ потесна заедничка соработка има примарна задача да ги зачува и да овозможи развој на општествените и пошироките цивилизациски стандарди и вредности што ги споделуваат заедниците.

Тоа го истакна вице-премиерот и министер во Министерството за внатрешни работи во македонската Влада Оливер Спасовски на вечерашната тематска средба „Безбедносни придобивки и предизвици за Северна Македонија од членството во НАТО" што се одржа во Битола.

Според министерот Спасовски, во овој момент за државата не постои нити една реална опиплива опција во поглед на обезбедување долгорочна стабилност и сигурност на државата, освен патот кон целосно евроатлантско членство.

-Македонија е респектабилен партнер на Алијансата и ние целосно ги споделуваме сите предизвици што стојат пред алијансата. Во сите наши досегашни активности во изминативе две-три години, и како Влада и како МВР, токму во безбедносната сфера презедовме низа активности, отпочнувајќи ја целосната реформа во овој сектор. Притоа, делумно бевме мотивирани од внатрешно-општествените реалности, но и заради воспоставување на стандарди што ќе бидат во корелација со оние од државите членки на НАТО и што се дел од оној битен политички концепт што НАТО алијансата го фундира како нужен критериум за рамноправно членство, посочи Спасовски.

Пред аудиториумот во Битола, министерот Спасовски потсети на ефектите од донесените Закони за ОТА и АНБ, реформите во министерството и други мерки кои како што рече беа суштински исчекор во хармонизацијата на регулативата и практичното делување во областа на безбедноста, соодветни на НАТО стандардите.

-Тој процес ќе добие уште поголем интензитет затоа што самото членување во НАТО не треба да се гледа само како своевидна безбедносна гаранција, туку и како силени далеку поширок општествен стимул за системско реформирање и генерално подигање на сите релевантни стандарди на општественото живеење и функционирање. Членството во НАТО рече Спасовски, на внатрешен план ќе ги унапреди демократските реформи, сигурност и стабилност, владеење на правото и економска привлечност за инвестициски активности, а тоа само по себе води кон економски раст и повисок животен стандард за граѓаните.

На интерактивната дебата на тема „Безбедносни придобивки и предизвици за Македонија од членството во НАТО" холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп нагласи дека сигурноста и просперитетот одат рака под рака, и не е можна безбедност без просперитет, нити просперитет или напредок без безбедност.

-Зборуваме за проширување на нашата безбедност и за нашиот просперитет затоа што сме убедени дека безбедноста и напредокот треба да стигнат до секого во Европа и во таа смисла мислам дека сега се наоѓаме во завршна фаза од тој процес. РМ ќе стане членка на НАТО затоа што државата припаѓа на НАТО од историски, од културолошки и економски аспект. Но, слободно можам да речам дека блиско е и зачленувањето во Европската Унија со што освен безбедноста ќе се зголеми и бројот на странски инвестиции, истакна амбасадорот Јан Коп и најави дека следната година на Охридско Езеро специјална вежба ќе изведе Кралската маринска единица со што уште еднаш ќе се потврди нашето добредојде за вас во НАТО.

Престојот на НАТО карванот во Битола го организираше граѓанската асоцијација МОСТ и со поддршка на Сектор за јавна дипломатија на НАТО, Министерство за надворешни работи на Кралство Холандија, Британска амбасада во Скопје и македонското Министерство за надворешни работи./МИА

По вакцинацијата во Израел, се заразиле само 0,01 процент од луѓето

Прилиминарните податоци објавени од HMO Maccabi, водечка агенција за осигурување во Израел, покажуваат дека помалку од 0,01 процент, или само 20 од 128.600 лица кои ги примиле обете дози на вакцината Фајзер, се заразиле со коронавирус.

Израел во моментов е меѓу светските лидери кога станува збор за брза кампања за вакцинација против коронавирус. Граѓаните започнале да ги примаат првите дози на вакцината на 19 декември.

Израелците секоја недела им испраќаат информации на Фајзер за кампањата за вакцинација, во согласност со договорот за соработка, што може да им помогне на другите земји да ги прилагодат сопствените начини и темпото на вакцинација.

Експертите на HMO Maccabi објавија дека ова се прелиминарни податоци, но дека бројките се охрабрувачки.

Од 20-те заразени лица, половина страдале од хронични заболувања. Сите покажале само благи симптоми, како што се главоболка, кашлица, општа слабост и замор, но никој од вакцинираните не бил хоспитализиран или имал температура повисока од 38,5 степени Целзиусови. Повеќето биле тестирани на ковид-19 поради контакт со лице со потврдена инфекција.

Анат Ека Зохар, директор на Одделот за информации и дигитално здравје при ХМО Макаби, рече дека службата ќе продолжи да ги следи истите пациенти за да утврди дали тие сè уште имаат само лесни симптоми или евентуално ќе развијат некои компликации.

Повеќе од 2,6 милиони Израелци досега ја примиле првата доза на вакцината, а околу 1,2 милиони се вакцинирани со обете. Израел има околу 9 милиони жители.

Израелските власти објавија околу 600 000 случаи на инфекција со коронавирус и 4,478 смртни случаи од почетокот на пандемијата, објави Ројтерс.

Ентони Блинкен е новиот државен секретар на САД

Американскиот Сенат денеска го потврди кандидатот на претседателот Џо Бајден, искусниот дипломат Ентони Блинкен, да биде нов државен секретар.

Од сто пратеници, 78 беа „за“, а 22 „против“. За потврда било потребно просто мнозинство.

Блинкен е долгогодишен соработник на Бајден, кој беше втор човек на Стејт департментот во администрацијата на претседателот Барак Обама, кога Бајден беше потпретседател.

Минатата недела на сослушувањето пред Комитетот за надворешни работи на Сенатот, Блинкен повика на „решение за двете држави“ во врска со израелско-палестинскиот конфликт и рече дека Соединетите држави се подготвени да се вратат на договорот со Иран, но тој треба да биде посилен и подолготраен.

Тој, сепак, признава дека „решението со две држави“ не е реално на краток рок, повикувајќи ги Израелците и Палестинците „да избегнат какви било еднострани потези што ќе го направат уште покомплексен“.

Блинкен исто така рече дека поранешниот претседател Доналд Трамп бил во право кога станува збор за неговиот поостар став кон Кина, но не се согласува, рече тој, со стратегијата на Трамп во низа елементи.

„Основниот принцип беше добар“, им рече тој на сенаторите, осврнувајќи се на цврстиот став што го покажала администрацијата во заминување кон Кина.

"Ние мора да се соочиме со Кина од позиција на сила, а не од слабост. Тоа вклучува работа со сојузниците наместо клевети, учество и водење меѓународни институции, не излегување од нив", рече Блинкен.

Кога станува збор за Иран, тој потврди дека владата на Бајден е подготвена да се врати на нуклеарниот договор од кој Трамп ги повлече САД во 2018 година, под услов Техеран да ги почитува своите обврски.

„Но, ние ќе го искористиме ова како почетна точка, со нашите сојузници и партнери кои повторно ќе бидат на иста страна со нас, за да постигнеме посилен и подолготраен договор“, додаде тој.

Таквиот договор би вклучил прашање на нуклеарното оружје, но и други прашања што ги загрижуваат, како што се ракетната програма или регионалната стабилност.

Блинкен посочи дека сегашната ситуација повторно е во криза откако Трамп се повлече од договорот, а Техеран како противмерка започната да ги крши своите обврски.

Запрашан за притворот на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални по враќањето во Русија од Германија каде што се лекуваше по обидот за труење, Блинкен рече дека е „неверојатно што рускиот претседател толку се плаши од еден човек“.

„Предизвикот што Русија го поставува пред Соединетите држави ќе биде многу високо на агендата на администрацијата на Џо Бајден“, заклучил тој.

Џим Кери на удар на јавноста поради карикатурата на Меланија Трамп

Актерот Џим Кери е нападнат на социјалните мрежи откако објави карикатура на поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп.

"Збогум, најлоша прва дамо. Се надевам дека спогодбата може да го финансира вашиот плиток живот. Ви благодарам за ништо", напиша Џим.

Бројни следбеници го нападнаа затоа што сметаат дека објавата е невкусна и сексистичка.

"Ужасно е да се нападне првата дама која ја заврши својата работа со благодат и достоинство и не доби ништо освен критика од левицата. И срамота е што ниту една жена од левата страна не ја бранеше жената поради овие неосновани напади", "Секогаш мислев дека ти си кул. Сега си премногу одмаздољубив со вакви слики", "Ова е толку сексистичко. Такво лицемерие", "Ова е ниско. Ми се допаѓавте и мислев дека ги инспирирате луѓето", се само некои од коментарите.

Имало и такви кои го бранеле актерот.

„Тој е актер, комичар кој прикажува мажи и жени и ги тера луѓето да се смеат, што значи дека никој не е имун на потсмев“, „Зошто луѓето се однесуваат повредено и изненадено? Зошто толку сериозно?“, „Продолжете да се изразувате преку вашата уметност! ! Ако сакаше да биде прикажана во подобро светло, требаше да се претстави подобро кога беше во центарот на вниманието “, напишале оние кои не гледаат ништо лошо во карикатурата, пишува Page Six.

притисни ентер