Автобус во Чиле излетал од патот, најмалку 20 загинати

Најмалку 20 лица загинале кога автобус во Чиле летнал во провалија, соопштија денес тамошните власти.

Автобусот од патот во областа Талтал излетал синоќа а спасувачите денес се обидуваат да дојдат до жртвите.

Официјалниот истражувач Рикардо Кастро рекол дека 21-но лице е повредено.

Автобусот паѓал околу 20 до 30 метри.

Кастро рекол дека се уште не се познати причините за несреќата.

Во Кумановско 339 лица со решенија за изолација, а 846 направиле прекршок со неносење маска

На подрачјето на полициската станица од општа надлежност Куманово ( Куманово, Липково и Старо Нагоричане)  во моментов има 339 лица со решение за изолација, соопштија, денеска надлежните од кумановската полиција.

Од почетокот на септември до денеска според информациите СВР Куманово бележи вкупно 846 прекршоци за неносење заштитна опрема, од кои повеќе од половината се издадени последнава недела.

-Во однос на уредбата за задолжително носење заштитна опрема на подрачје на полициската станица од општа надлежност Куманово во период од 1 до 21, септември годинава регистрирани се вкупно 846 прекршоци, се наведува во соопштението на СВР Куманово.

Според податоците на кумановската полиција во периодот од 1 до 8 септември регистрирани се 65 прекршоци, наредната недела, од 8 до 15 септември 325 прекршоци, додека во периодот од 15 до 21 септември регистрирани се 456 прекршоци.

Од Германија екстрадиран третоосомничениот за убиството на Саздо

Германија го екстрадираше 21 годишниот Јетон Љужа, третообвинет за убиството на Никола Саздовски Саздо.

Тој во земјава е спроведен утринава и веќе се наоѓа во истражниот затвор во Шутка. По Љужа беше распишана меѓународна потерница, но во ноември лани германската полиција го уапси во Хамбург по што беше ставен во екстрадиционен притвор.

Саздо беше брутално претепан од страна на три момчиња на автобуска постојка во Автокоманда во јуни 2018 по што падна во кома а по една недела почина. Бесир Беља и Скендер Демири во април лани беа осудени на по 19 години затвор.

Бидејќи беше во бегство, на Љужа сега ќе му се суди во одвоена постапка за кривично дело убиство. Адвокатот на семејството Саздовски не очекува оваа постапка да влијае врз пресудата за другите двајца првостепено осудени кои очекуваат Апелација наскоро да одлучува по нивните жалби.

Освен Љужа, бегалци од правдата во Македонија има уште неколкумина, но за нив постапките одат многу потешко. Веќе 8 години се чека од Косово екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, првообвинетите за петкратното убиство кај Смилковско, а проблеми има и со обвинетите од СЈО. Унгарија одби ектрадиција за експремиерот Груевски, а истото го направи и Грција за поранешните шефови во УБК Горан Грујевски и Никола Бошковски.

Еден од бегалците кој најдолго време чека екстрадиција е некогашниот прв човек на Царинската управа Драган Даравелски кој во 2016та беше уапсен во Белград но сепак тамошните власти се уште не го предаваат на македонските.

МЖСПП: Сите 17 мерни инструменти и мобилната станица се во функција, не работат поедини инструменти во неколку од нив

Концентациите на ПМ10 честичките и ПМ 2.5 во моментов не е мерат на четири мерни места во земјава во Гази Баба, Миладиновци, Битола 1, Струмица и во мобилната станица која е лоцирана во Ѓорче Петров.

Причини се кај дел технички проблеми, а кај дел поради дотраеност.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека од вкупно 17 мерни станици и една мобилна во моментов сите се во функција и дека во мерните станица постојат по пет мерни инструменти за мерење на пет различни параметри, а оти во одделни мерни станици само поедини мерни инструменти не работат.

-Мерниот инструмент за мерење на РМ10/PM2.5 од мобилната мерна станица во Ѓорче Петров и мерните инструменти за РМ10 од мерните станици во Карпош и Струмица се исклучени поради технички проблем. Мерните инструменти за мерење на PM10 од мерните станици Битола 1 и Миладиновци се исклучени поради осцилации во мерењата кои се последица на дотраеноста на самите инструменти и на нивниот извор за радијација, бидејќи оптимална оперативна работа на еден инструмент е 10 години. Мерниот инструмент за мерење на СО од мерната станица Ректорат е исклучен поради технички проблем. Мерните инструменти за мерење на O3, CO, SO2 и NO-NO2-NOx од мерните станици Карпош и Центар кои не се во функција се од производителот Orion, и за нив нема резервни делови поради престанок на работа на фабриката. Истите треба да се заменат со нови мерни инструменти од други производители, појаснуваат од Министерството.

Додаваат дека во текот на оваа година во тек се повеќе активности за набавка на нови мерни инструменти. Реализацијата на дел од набавката е со донаторски средства, а дел со буџетски средства на МЖСПП.

Оттаму истакнуваат дека седум нови мерни инструменти за O3 (озон),седум нови мерни инструменти за SO2 (сулфур двооксид), седум нови мерни инструменти за CO (јаглерод моноксид), два нови автоматски мерни инструменти за мерење на PM2.5(суспендирани честички со големина до 2.5 микрометри), два нови секвенцијални нисковолуменски семплери за мерење на PM10 и PM2.5, седум нови сета од метеоролошки сензори за мерење брзина и насока на ветар, атмосферски притисок, влажност, глобална радијација, надворешна температура, како и кула за калибрација на автоматски мерни инструменти за PM10 и PM2.5 се набавуваат преку јавна набавка од Буџетот на МЖСПП за 2020 година. Би требало да се стават во функција во првата половина од месец декември 2020 година.

Се врши набавка на опрема преку IPA-CBC проект. Како што наведуваат потпишан е договор и краен рок за испорака и оперативност на опремата е крајот на месец октомври 2020 година. Со оваа набавка, додаваат, ќе се инсталира нова мерна станица во Општина Гевгелија со сите мерни инструменти (O3, NO-NO2-NOx, SO2, CO, PM10, PM2.5, секвенцијален нисковолуменски семплер за мерење на PM10 и PM2.5, како и метеоролошки сензори), како и замена на сите мерни инструменти при што ќе се додадат и инструменти за мерење на нови параметри од мерната станица Битола 1 (O3, NO-NO2-NOx, SO2, CO, PM10, PM2.5, секвенцијален нисковолуменски семплер за мерење на PM10 и PM2.5, како и метеоролошки сензори).

Преку СИДА проект се набавува опрема која се состои од 27 инструменти. Краен рок за доставување понуди е 3 септември 2020 година и се очекува да биде испорачана до крајот на годината и дополнитело се прави набавка на опрема преку IPA2 проект za [to tендерската документација е подготвена и се очекува објава на тендерот најдоцна до крајот на годината.

притисни ентер