Маргарита Цаца Николовска и Јове Кекеновски во „Само вистина“

Вечерва гости во „Само вистина“ беа Маргарита Цаца Николовска и Јове Кекеновски.

Противењето за можната амнестија, за што се сложни и власта и опозицијата, е единствена шанса која мора да се искористи, истакна професорот Јове Кекеновски, гостувајќи во „Само вистина“. Тој додаде и дека помилувањата станале инструмент на политичката моќ. Според поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права, Маргарита Цаца Николовска,  Уставниот суд влева правна несигурност и изрази сомнеж за автентичното толкување од страна на пратениците за спорниот член 11-а.

Довербата во судството е одамна разнишана, оценија вечерашните гости во „Само вистина“, Јове Кекеновски и Маргарита Цаца Николовска. Николовска, во однос на најавениот ветинг, апелира Судскиот совет и Антикорупциската комисија да ги преиспитаат критериумите за судиите, додека пак, Кекеновски смета дека судиите по потреба само го менуваат дресот и жали што не наишла на поддршка идејата за генерален реизбор на судии.

Се надевам ќе нема постојано одложување на рочиштата за „Рекет“, истакна судијката Маргарита Цаца Николовска во „Само вистина“. Николовска и нејзиниот соговорник, професорот Јове Кекеновски, се сложија дека образложението за одлуката за домашен притвор на Катица Јанева е апсурдна, бидејќи претходно за истата мерка нудела и висока гаранција, која сега е занемарена. 

Погледнете ја целосно вечерашната емисија „Само вистина“ овде.

притисни ентер