Двајца членови на Нобеловиот комитет си поднесоа оставка

Двајца надворешни членови на Нобеловиот комитет си поднеле оставка откако изнеле критики на сметка на шведската академија.

Писателот Кристофер Леандор навел дека дава оставка на членството во Комитетот затоа што, како што образложил, нема ниту време ниту трпение да чека тоа тело да се реформира.

Тој, меѓутоа, напоменал дека неговата одлука не е поврзана со одлуката на Комитетот да додели Нобелова награда за 2019 година на австрискиот писател Питер Хандке.

Шведската книжевничка и критичарка Гун- Брит Сундстром од друга страна како причина за поднесување на оставка го наведува токму доделувањето на Нобелова награда на австрискиот писател Питер Хандке.

Таа во соопштението навела дека од образложението за доделувањето на наградата на Хандке може да се заклучи дека книжевноста е над политиката, истакнувајќи дека таа не се согласува со тој став.

Хандке е критикуван поради прикажување на Србија како жртва за време на балканските војни и присуствување на погребот на поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ.

Затворени училишта и попречен сообраќај поради обилни врнежи од снег во Техеран

Отежнато е движењето по улиците, попречен е и воздушниот сообраќај, затворени се училишта.

Обилните снежни врнежи ги обелија улиците во Техеран, отежнувајќи им го на жителите секојдневието во градот, известуваат градските власти.

Снегот започнал да паѓа рано наутро и веднаш го попречил движењето во главниот град.

Сите летови или доцнат или се откажани.

Заради обилниот снег затворени се и сите училишта во главниот град и во некои околни подрачја.

Обилниот снег ќе продолжи да паѓа до утре.

Без струја утре дел од Драчево и Ѓорче Петров

Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа утре во одредени временски интервали без струја ќе останат дел од жителите во Драчево и Ѓорче Петров.

Од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат дел од улиците Иван Хаџиниколов (поранешна Ратко Митровиќ), Скендербег и Радое Дакиќ  во населбата Драчево, а од 9 до 15 часот дел од улиците Ибе Паликуќа, Кичевска и Зејнел Ајдини во општина Ѓорче Петров./МИА

Полицијата во Хонг Конг со солзавец ги растерува демонстрантите

Полицијата на денешните протесни користеше солзавец за да ги растера илјадниците антивладини демонстранти кои се собраа во Хонг Конг.

Пред да започнат демонстрациите, полицијата интервенирала кога митингот прераснал во импровизиран марш. Видено е како неколку полициски единици апсат демонстранти.

Организаторите на почетокот побарале дозвола за марш, но полицијата се согласила само на статичен митинг во паркот, велејќи дека изминатите маршови се  претвориле во насилство.

притисни ентер