Празнично снежно невреме во САД, откажани 800 летови

Милион луѓе во североистокот во САД, вклучувајќи ги и оние кои се обиделе да се вратат дома по продолжениот празничен викенд и денот на благодарност, се соочиле со првото значително силно невреме оваа сезона.

Ширум државата се откажани стотина летови, а голем број од патиштата се затворени.

Според порталот „Flightaware“, откажани биле 800 летови во САД , додека повеќе од 7.100 летови се одложени или доцнеле, што направило додатни проблеми за враќањето дома на патниците кои, традиционално, патувале за време на Денот на благодарноста.

Невремето се очекува да трае до вторник.

притисни ентер