Седница за автентичното толкување за аболицијата на Иванов нема пред 11 декември

Автентичното толкување на членот 11 од Законот за помилување нема да се најде на пленарна седница пред 11-ти декември, брифира претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Собранискиот спикер за Канал 5 објаснува дека и законодавната комисија да достави предлог одлука, истата нема да се најде на дневен ред пред да заврши расправат по буџетот. Џафери е дециден дека без разлика на изјавите за итност од автентично толкување тој нема да свикува итна седница за оваа точка.

Претседателката на законодавната комисија, Соња Мираковска вели седница на Комисијата ќе закаже откако ќе го добие мислењето од Владата за барањето за автентично толкување. Мираковска не ја прејудицира одлуката на пратениците, но вели одлука дека членот 11 во суштина не постои повеќе ќе значи поништување на амнестиите даде од екс претседателот Иванов во 2016.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ вели остануваат на ставот дека ќе гласаат „за“, но чекаат одговор од СДСМ за предлогот истовремено да се донесе и закон за забрана на амнестија на политичари, а веќе амнестираните повеќе да не се занимаваат со политика.

Но, од СДСМ инсистираат на поддршка без дополнителни условувања.

Уставниот суд во реакциите на одлуката да се расправа по членот 11а – со којшто евентуално би се вратиле амнестиите дадени од Иванов препозна обид за мешање во неговата работа и неосновано се повредува угледот на Судот и судиите.  

„За Уставниот суд е неприфатливо некој да се меша или да влијае во неговата работа и одлучувањето. Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни и секој е должен да ги почитува Уставот и законите“, се наведува во соопштението од Уставниот суд.

притисни ентер