За настраданите од земјотресот градоначалникот на Пустец ја донира ноемврската плата, средства издвои и црквата

Општина Пустец продолжува со солидарноста и поддршка со настраданите во катастрофалниот земјотрес во Албанија.

-Православната црква на општина Пустец донираше 100.000 лека за настраданите семејства, а финасиски средства собрани се и од прилози на жителите кои ќе бидат уплатени на посебните сметки отворени за таа цел,информираа од општината.

Од таму додаваат дека градоначалникот на Пустец, Поли Колефски за настраданите ја донирал платата за месец ноември.

Општината ги повикува сите жители да дадат свој придонес за да им помогнат на семејствата погодени од земјотресот.

Деновиве Македонците од Пустец и Голо Брдо масовно се вклучија во собирање помош за настраданите од земјотресот, главно прехрамбени артикли, вода, средства за одржување на хигена, ќебиња, облека.

Акцијата се води организирано и координирано од страна на градночалникот на општина Пустец, Колефски и претседателот на и Македонската алијанса за европски интеграции (МАЕИ) и пратеник во албанскиот парламент Васил Стерјовски. /МИА

Шилегов: Некои навики ќе треба да ги промениме ако сакаме да ја добиеме битката со загадувањето

 Една од воведените вонредни мерки за зголемена загаденост на воздухот е воведување бесплатен јавен превоз со цел да го дестимулираме автомобилскиот сообраќај во што за жал не успеваме, ама тоа не е вина, ниту на Градот, ниту на Владата. 

Веројатно некои навики ќе треба да ги промениме ако сакаме да ја добиеме битката со загадувањето и тие се како интервентни мерки, истакна денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Според него, интервентноста на мерките важи до моментот до кога се исполнети законските услови Градот да ги води како интервентни.

– По основ на известувањето што утрово го добивме од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Владата престанаа да постојат условите за воведување на тие интервентни мерки, а имаме во предвид дека еден ден на бесплатен превоз Градот го чини некаде околу 7,3 милиони денари. И кога ќе престанат условите, тоа се наши буџетски пари, кога не се исполнети условите едноставно немаме потреба од такви интервентни мерки, рече Шилегов одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на седницата на Советот на Град Скопје.

Додаде дека вонредните мерки за зголемена аерозагаденост ги утврдува МЖСПП, а согласно Акцискиот план, Градот има определени обврски во моментот кога ќе добие известување од страна на МЖСПП и од Владата да постапи.

Бесплатниот превоз како мерка заштита од загадувањето беше воведен завчера во 18 часот, а е укинат денеска на пладне.

Вонреден инспекциски надзор над пратка со отпад на граничниот премин Богородица

Од Министестерството најавуваат дека по извршениот увид на документацијата и анализа на земените примероци од страна инспекторите и царинските служби, резултатите ќе бидат споделени со јавноста. 

 Државниот инспекторат за животна средина во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање и Царинската управа, врши вонреден инспекциски надзор над пратка со отпад (РДФ) запрена на граничниот премин Богородица помеѓу Македонија и Грција.

Од Министестерството најавуваат дека по извршениот увид на документацијата и анализа на земените примероци од страна инспекторите и царинските служби, резултатите ќе бидат споделени со јавноста. 

„Сити мол“ евакуиран поради дојава за бомба

Трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје е авакуиран по дојава за бомба. 

Посетителите и сите вработени во трговскиот центар се евакуирани од молот. 

Според вработените во центарот  полицијата ги евакуирала откако добиле дојава за бомба. 

притисни ентер