Македонија го одбележува меѓународниот ден на лицата со попреченост

Во Македонија се уште луѓето со телесна попречесност имаат проблем да ги извшрат основните животни функции. 

 Препреки имаат  големи од паркинг места за автомобили зафатени од граѓани кои не треба да се пракираат таму, семафори без сигнали, се дел од препреките за овие луѓе да не можат да излезат од своите домови. 

Од друга страна и и граѓанските организации треба да ги зацрвстат капациетите со за комуникација со медиумите.

Премиерот Зоран Заев и министерите од труд и социјална политика, образование и здравство велат дека се вложува но дека зголемувањето на свесноста за капацитет на овие луѓе треба да продолжи.

„Попреченоста е прашање на перцепција“, оваа порака е дел од одбележувањето на Меѓународнит ден на лицата со попреченост.

МЗШВ и МИОА со реакција за постапките на дополнителниот заменик министер за земјоделство Трипуновски

МЗШВ се оградува од постапките на Цветан Трипуновски.

По реакциите во јавноста за упадот на дополнителниот заменик министер од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство (МЗШВ) Цветан Трипуновски во Подрачната Единица Берово и снимањето на вработените со што беше нарушена нивната приватност и лични податоци, МЗШВ се оградува од постапките на истиот, реагира Министерството во соопштение.

Овие постапки, се вели во соопштението, не се пракса на функционирањето на МЗШВ туку се личен акт на Трипуновски со кој не се согласуваме и остро го осудуваме.

– Апелираме дополнителниот заменик министер во МЗШВ Цветан Трипуновски да се воздржи од вакви дејствија со кои се врши директно нарушување на имиџот на Министерството, наведуваат во соопштението.

И од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) соопштија дека го осудуваат секој обид за злоупотреба и мобинг врз јавната администрација.

– Владата и МИОА, изминатите две и пол години посветено работат на тоа злоупотребите, партизацијата и мобингот врз јавната администрација да бидат дел од минатото. Дополнителните министри и заменици министри од опозицијата, во изминатите две недели, во континуитет се обидуваат нивниот начин за заплашување и ставање на администрацијата во партиски цели, повторно да го направат реалност, се вели во соопштението од МИОА.

Упадот во подрачната единица на МЗШВ од страна на дополнителниот заменик министер Цветан Трипуновски, како што посочија од Министерството, го осудуваме и повикуваме притисокот врз јавната администрација да остане во минатото. Во таа насока, наведуваат од МИОА, повторно ќе биде објавена алатката за пријавување на притисок на работно место.

– Ги повикуваме техничките кадри на ВМРО-ДПМНЕ да се ослободат од матрицата во која се заглавени и конечно да почнат да работат во служба на сите граѓаните. Нивна улога е да придонесат кон спроведување на фер и демократски избори и ги повикуваме да работат во согласност со нивните надлежности, стои во соопштението од МИОА. /МИА

МФ ќе работи на усогласување со стандардите на ЕУ околу штетноста на хартијата на фискалните сметки

Ја разгледуваме новината воспоставена од Европската Унија за и ние да се усогласиме и доколку анализите утврдат дека можеме што поскоро да го направиме тоа, ќе пристапиме и ние кон истото.

Тоа го нагласи денеска министерката за финансии Нина Ангеловска одговарајќи на прашање во врска со хемиската материја „бисфенол А" која се наоѓа во хартијата на која се печатат фискалните сметки и која директно влијае на здравјето на сите оние што се во допир со неа.

Таа посочи дека разговараат со Управа за јавни приходи, ќе ги погледнат сите услови не само поради усогласување на стандардите со Европската Унија, туку, како што рече, доколку е ова случајот, секако на прво место е здравјето на граѓаните и зачувувањето на животната средина.

Претходно во соопштение Комората на сметководители побара да се забрнат фискалните сметки поради присуство на штетни материи. /МИА

Ангеловска: 402 милиони евра поврат на ДДВ кон фирмите во 2019 година

Минатата година фирмите добиле поврат на ДДВ од 402 милиони евра или за 7,5 отсто повеќе во однос на 2018 година или дури 44 проценти повеќе во однос на 2016 година.

Добрата динамика на повратот на ДДВ продолжува и годинава, што е од големо значење за ликвидноста на фирмите, нивното работење и инвестиции, изјави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска на прес-конференција во Владата.

-Во првите 16 дена од јануари е извршен поврат на ДДВ кон фирмите во износ од 926 милиони денари или 15 милиони евра. Со ова продолжува добрата динамика од минатата година во која на фирмите по основ на ДДВ им беше извршен поврат од 401,9 милиони евра. Ова е за 7,46 отсто повеќе во однос на 2018 година, 28,18 проценти повеќе во однос на 2017 година, 44,19 отсто повеќе во однос на 2016 година и 42,46 проценти повеќе во однос на 2015 година. Ова е од исклучително значење за фирмите, бидејќи на овој начин се одржува ликвидноста, потребна за тековно работење, но и планирање на инвестициската дејност, рече Ангеловска.

Таа посочи дека и повратот на ДДВ кон граѓаните во рамки на мерката МојДДВ ќе се изврши следниот месец и тоа за месеците октомври, ноември и декември во 2019, за што повратот изнесува околу 3,8 милиони евра.

– Инаку во првите две тримесечја мерката има одлични резултати – 213 илјади корисници, 52,5 милиони скенирани сметки со промет од 26 милијарди денари, од кои е наплатен ДДВ од 2,8 милијарди денари. Преку наградната игра МојДДВ #МојаНаграда досега се доделени 1,8 милиони денари награди и тоа 340.000 денари дневни награди и 1,5 милиони денари за месечните награди од по 100.000 денари, истакна Ангеловска.

Министерката за финансии посочи дека буџетот е во добра кондиција, дека финансиите се стабилни, како и дека расходите редовно се сервисираат.

– Следниот месец ќе бидат исплатени покачувањата на платите во образованието и пензиите, а во март и покачувањето на платите во здравството, нагласи Ангеловска. /МИА

притисни ентер