Видео: Лука Дончиќ собрал 2 мил. евра за лекување на дете од Словенија!!

Новата НБА ѕвезда, младиот Словенец Лука Дончиќ покажа дека не само што е голем кошаркар, дека е и човек со големо и хумано срце.

Кошаркарот на Далас кога слушнал дека на 22- месечниот Крис Зудиќ за лекување од тешка болест му се потребни 2 милиони евра без размислување одлучил да му помогне. Дончиќ со помош на пријатели ги собрал потребните средства и неговиот млад сонародник итно пристигнал во Лос Анџелес на терепии.

Малиот Крис боледува од ретка генетска болест„спинална мускулна атрофија“. Лекарите ги информирале неговите родители Ана и Метеу дека на нивниот син му е потребна генетска терапија – „Зологенсма“ , која е најскапата терапија на светот и чини два милиони евра.

Лука Дончиќ на семејството Зудиќ им го платил летото од Копер до Лос Анџелес и три месечниот престој во градот на ангелите . Водено ѕвездата на Далас ги собрал и потребните средства за лекувањето на малиот Крис, за терапијата која има голем процент на успешност.

Синоќа на дуелот против ЛА Лејкер во Стејпл Центарот Лука го запознал и малиот херој Крис.

Дончиќ одиграл брилијантен меч против големиот Леброн Џејмс и со 27 поени, 9 скока и 10 асистенции  го водел Далас со триумф над Лејкерси од 114-100.

притисни ентер