Руски радар за кого нема невидливи летала и авиони!!!

Во Мордовија започнал да работи новиот радар ОТХ на Воздухопловно- вселенските сили на Русија, „Контејтер“.

-Овој систем може да ги детектира и „невидливите“ авиони на оддалеченост од 3000 километри, изјавил главниот конструктор на радарската станица Михаил Петров.

„Авионите направени со помош на стелт технологијата за нас не се невидливи. Ние секако ги гледаме и следиме на граница од околу 3000 километри“, истакнал Петров, пренесува „Спутник“.

Конструкторот Петров објаснил дека приемната антена на новиот радарски систем го детектира сигналот кој се враќа од Европа,од земјите од Персискиот залив, Кина, Казахстан и така натаму. Сигналот се емитува од центарот за емитирање на неколку десетици километри од радарот. Новата станица применува принцип на одбивање на сигналот од јоносферата.

-Во светот вакви станици не постојат. САД, Велика Британија, Франција ги развиваат ваквите средства, а Кина активно работи на тоа. Но,ваква структура со така моќен софтверски и алгоритамски комплекс нема никаде во светот, навел Петров.

Тој воедно истакнал дека најсложената задача на оваа комплексна опрема е што со обработка на сигналите  може да ги издвојува целите како што се бомбардери, крсторувачки ракети, носачи на авиони. Системот може да следи и мали летала како авиони „Цесна“.

Потврдено : Доаѓа преработката на најголемиот Божикен хит

Симпатичниот буцко Арчи Јејтс, несомнено ќе ги добие симпатиите на публиката ,  иако не е откриен датумот кога можеме да ја гледаме премиерата.

Неизбежното телевизиско шоу, еден вид празничен обичај и еден од знаците дека се приближува крајот на годината - е серијата филмови „Сам дома“.

Тоа  е првиот филм во кој Кевин МекАлистер, русокосо осумгодишно момче, останува дома поради серија несреќни околности додека остатокот од семејството оди на одмор во Париз.

Кевин, за оние екстремно ретки кои не го знаат тоа, со солидна доза на садизам уништува разбојничко дуо кое сака да ја ограби неговата куќа. Одличните Меколи Калкин и брилијантните Џо Песи и Даниел Стерн ги забавуваат милиони гледачи од декември 1990 година, кога оваа комедија на Крис Колумбо ги наполни кината и заработи 476,7 милиони долари, а e снименa со буџет од скромни 18 милиони.

Дури и остатокот од франшизата што порасна на крилјата на успехот не помина лошо, особено вториот дел, во кој исто така глуми Калкин. „Единицата“, сепак, до минатата година остана празничен филм со најголема заработувачка во историјата.

Во ера на римејк, сето ова е повеќе од доволен поттик да се снима „Сам дома“ за новите генерации. Со месеци се шпекулира, а сега, соодветно за времето од годината, од Дизни пристигна дефинитивна потврда: 11-годишниот Арчи Јејтс ќе ја игра главната улога, но тој во оваа нова верзија на приказната нема да го носи името Кевин Мекалистер.

Симпатичниот Арчи е еден од ѕвездите на комедијата „Јојо зајак“ на Таико Ваитити, која деновиве беше номиниран за „Златен глобус“, а започнува да се прикажува во кината на почетокот на 2020 година. Познато е и дека Ели Кемпер, актерката номинирана за Еми, ќе глуми во филмот , како и Роб Делани најпознат по неговите улоги во серијалот „Катастрофа“ и филмовите „Last Christmas" и ,,They Are Bombs“.

Филмот ќе биде во режија на Ден Мазер („Валканиот дедо“), сценаристи се Мики Деј и Стридер Сејдел (сценарист и актери од познатата емисија „Сајт вечер во живо“), а во продукција на Хачер Паркер и Ден Вилсон. Кемпер и Делани треба, барем според „Холивуд репортер“, да играат двојка „кои за да се спасат од финансиска пропаст,  почнуваат војна со момче кое украло непроценливо наследство“ што дефинитивно нема никаква врска со Кевин од првата верзија на „Сам дома“ .Не е познато кога треба да заврши филмот - се очекува да биде подготвен за следната празнична сезона , а дали ќе се прикажува во кина или само преку услугата за стриминг на Дизни Плус сè уште не е познато.

Доаѓа најголемиот СУВ на Ауди , вози до 240км/час и троши 4л/100км (ФОТО)

AUDI го претстави преработениот Q7 во две нови верзии.

Новите СУВ со ознаки 55 TFSIe и 60 TFSIe се одликуваат со нов приклучок за хибриден погон кој го прави моторот 3.0 V6 TFSI 340hp и 450Nm во комбинација со електричен погон. Со пониски перформанси, синергичниот ефект е 381 КС и 600 Nm, додека посилниот погон достигнува 456 КС и 700 Nm.

Електричниот мотор е сместен во осумстепено куќиште за менувач и е придвижуван од батеријата Li-Ion од 17,3 kWh (308 V), кој што нуди електричен опсег од 43 км. Од друга страна, во целосен ангажман стигнува до 100 км на час за 5,7 секунди, или 5,9 секунди во послабата верзија.

Ќе се искачи до 135 км на час кога вози на струја , а кога ќе се вклучи бензинот, границата е 250 км на час. И најголемото изненадување, просечната потрошувачка на гориво на оваа моќна машина е 3 л / 100 км и емисијата на СО2 од само 64 g/km.

Новиот систем за управување со хибриден погон овозможува две опции во хибриден режим. При сопирање, електричниот мотор учествува во работата на генераторот до 0,3 g, што овозможува моќност за обновување до 80 kW.

Почетната цена за Q7 55 TFSI e 74.800 евра во Германија, а верзијата со помоќни перформанси има почетна цена од 89.500 евра.

Осамен пензионер се расплака пред камерите по празничното изненадување (ВИДЕО)

Уште откако починала мајка му пред две децении, пензионер од Велика Британија го поминува Божиќ сам, така што годинава за него се погрижија студентите од универзитетот Олдам.

Во интервју за BBC, 78-годишниот Теренс призна дека се чувствува премногу осамен, особено за време на празниците.

"Се запознавме со неверојатниот Теренс. Тој се бори со осаменоста многу години и ни рече дека нема новогодишна елка. Ние му ветивме дека ќе добие ", изјави новинарот на Би-Би-Си, Ден Вокер.

Овој 78-годишник во разговор откри дека долго време страдал од депресија, поради што волонтирал да им помага на другите кои многу години наидувале на слични проблеми.

По емотивното интервју, група студенти решија да му направат празнично изненадување на Теренс и дојдоа кај него со новогодишна елка, украси и хор што му пееше.

„Имавте толку големо влијание врз нашите гледачи, би сакале да направиме нешто за вас“, му рекол новинарот на пензионерот.

Благодарение на добрите срца кои не дозволија овој мирен дедо да помине уште еден празник сам, Теренс ќе го прослави овој Божиќ со пензионерите од локалниот старечки дом.

притисни ентер