Нов силен земјотрес од 4.3 степени по Рихтер регистриран утринава во Албанија

Тлото во Албанија продолжува да се тресе .нов силен земјотрес од 4.3 степени по Рихтер ја потресе  оваа земја утринава.

Земјотресот бил со епицентар на 25 километри северозападно од тирана во 09 часот и 35 минути

Досега бројот на загинати од земјотресот е 52 лица , додека стотици жители се евакуирани од своите домови. Од утрото на 26 ноември кога во Албанија беше регистриран разорниот земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала до денеска регистрирани се над 1.300 помали земјотреси во Драч и другите делови на земјата.

притисни ентер