Боки 13 треба да биде испуштен од болница, Апелација решава за притворот

Во пресрет на утрешното прво рочиште од судскиот случај ,,Рекет“ за денеска е најавено пуштање од болница  на Боки 13 кој претходните неколку дена беше хоспитализиран поради неговата здравствена состојба. 

Првообвинетиот во случајот „Рекет" Бојан Јовановски денеска треба да биде испуштен од Градската општа болница „8-ми Септември" каде што беше хоспитализиран минатата недела поради контролни прегледи со упат издаден од доктор во ординацијата во КПВ Шуто Оризари.

Како што претходно информираа од ГОБ „8-ми Септември", Јовановски беше сместен во апартман во одделението за интензивна нега заради почитување на безбедносните протоколи, а не заради тежината на неговата здраствена состојба. Тој е во добра општа состојба и здраствена кондиција, и во болница ќе остане се додека не се комплетираат резултатите од спроведените испитувања, а најдоцна во понеделник, соопштија во петокот од ГОБ 8-ми Септември.

Јовановски треба да биде вратен во КПУ Затвор-Скопје каде што издржува мерка притвор за „Рекет". Дали ќе остане и натаму во притвор, денеска треба да одлучи Апелацискиот суд. Неговиот адвокат Сашо Дуковски бара да биде пуштен од затвор заради неговата здравствена состојба.

Останатите двајца обвинети за „Рекет", Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец се во домашен притвор.

Судењето за „Рекет" треба да почне утре во Кривичниот суд во Скопје.

Петчлено семејство од Оклахома, меѓу кои и две деца, се убиени во нивниот дом

Телата на пет лица, меѓу кои и две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција.

Получникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјавил дека загинатите биле семејство и умреле од насилна смрт, пренесува ABC News.

Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно пронашле инспекторите.

Полицијата била испратена во дом на околу 20 милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека има тела, рече Најт.

Според него, на сите тела имало повреди кои изгледаат како да се работи за убиство.

Хаос во Денвер: Брат му на Јокиќ претепа навивач во публиката (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер Нагетс и во вториот меч во плејоф серијата славеа против Лос Анџелес Лејкерс, овојпат со 101:99, со што дојдоа до водство од 2:0 и комплетно го одбранија домашниот терен од исто толку натпревари.

Кошаркарите на Денвер Нагетс и во вториот меч во плејоф серијата славеа против Лос Анџелес Лејкерс, овојпат со 101:99, со што дојдоа до водство од 2:0 и комплетно го одбранија домашниот терен од исто толку натпревари, но вистинскиот хаос беше виден на трибините во режија на браќата на Никола Јокиќ.

Имено, на видеото кое се појави на социјалните мрежи може да се видат браќата на Јокиќ кои се во клинч со навивач, не се знае дали се работи за навивач на Нагетс или Лејкерс, но таму било и семејството на Јокиќ.

Страхиња Јокиќ, постариот брат на Никола, во еден момент жестоко се скарал со некој од трибините, тргнал кон него, а потоа го удрил со бокс.

Вториот брат на Јокиќ веднаш дошол да го смири Страхиња, а таму биле и сопругата на Никола, Наталија и ќерката Огњена, кои веднаш заминале.

@cgallegos67 #nuggets #nba #lakers #jokic ♬ original sound - Christian

Млад странски работник е убиен во Хрватска, најверојатно Украинец

Во центарот на Славонски Брод попладнево било пронајдено машко тело.

Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот, објави Индекс.

Danas.hr дознава дека се работи за млад градежен работник од Украина. Тие наведуваат и дека конфликтот се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).

За потсетување, полицијата соопшти дека околу 15:17 часот во куќата било пронајдено тело на маж и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.

притисни ентер