Протести низ цела Полска за поддршка на судиите (ВИДЕО)

Низ цела Полска се одржуваат собири на солидарност со судиите ,  за кои се вели дека страдаат од зголемен политички притисок и заплашување од владата.

Најголемиот протест се одржа во Варшава пред Министерството за правда. Полските медиуми објавија дека протести се одржале во 105 градови и места, вклучувајќи ги Гдањск и Краков, пренесува АП.

Меѓу демонстрантите беше и судијата Павел Јусчјасин, кој неодамна беше разрешен затоа што ја оспорил реформата во судството, спроведена од владејачката партија Закон и правда.

„Ние судиите не треба да се плашиме. Не смееме да попуштиме на притисоците затоа што нема слободни граѓани и почитувани закони без слободни судови во Полска. “, рече Јусчјасин.

Спасовски од Куманово: Уште повеќе пари кај граѓаните, домашна платежна картичка од 9.000 денари и за стечајците, изборите се важни, да гласаме

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски на средби со граѓаните од Куманово најави дека дополнително ќе се зголеми опфатот на граѓани кои добиваат домашна платежна картичка.

-12.000 стечајни работници денес добиваат месечен надомест од 8.000 денари. Тие ќе добијат и картичка од 9.000 денари како помош во здравствено-економската криза. Ваква картичка ќе добијат и пензионерите со пензија до 15.000 денари, самохраните родители и невработените кои не се активни баратели на работа. СДСМ три години во континуитет покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани подеднакво, рече Спасовски.

ВМРО-ДПМНЕ во континуитет покажува грижа само за Груевски и неговите криминални соработници", уште еднаш ја потенцираше разликата Спасовски помеѓу Владата на СДСМ која градеше за својот народ и режимот на ДПМНЕ кој крадеше од својот народ.

Тој најави дека и во новиот мандат продолжува насочувањето на парите кон граѓаните.

-Ќе го зголемиме лимитот на поврат на ДДВ од 600 на 800 денари. На секој нововработен млад човек до 29 години во произбодството или земјоделството државата ќе му го врати персоналниот данок на сметка, со што мотивираме вработувања во реалниот сектор, додаде Спасовски.

Тој направи споредба со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и нивните кадри на листите.

-Мисајловски и 11-годишната режимска власт, еден денар немаат инвестирано во Куманово. Во маалото каде живее канализација немаше, денес ние му ја градиме. Обновен режим, грабање и крадење никогаш повеќе, порача Спасовски.

-Затоа, на 15. јули граѓаните ќе гласаат за концептот којшто обезбедува повеќе пари во нивните буџети, а не за обнова на режимот кој им ги крадеше парите. Изборите се важни, гласаме за фер општество кое се грижи за сите, да го заокружиме бројот 3, повика Спасовски, кој додаде дека тоа ќе биде глас за сигурна иднина со развојна економија.


Забележан благ пад на новозаразени со коронавирусот, ефикасен протокол за безбедно гласање на изборите

Нови 120 случаи на Ковид-19 вчера беа регистрирани од направени 1.367 тестирања во претходното деноноќие.

Пет лица починаа, од кои по двајца од Скопје и Тетово и еден од Куманово.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 65-годишен пациент. Во ГОБ „8 Септември" почина 46-годишна пациентка, кај која вирусот е докажано постмортем. Во болницата во Козле е почината пациентка на возраст од 85 години. Во Тетово починаа две лица вон болнички услови на возраст 78 и 76, кај едниот Ковид – 19 е дијагностициран постмортем.

Институтот за јавно здравје регистрира 125 оздравени лица. Со последните статистички податоци, бројот на заразени се искачи на 7.244, на починати 351, а оздравени 3.324. Се уште се активни 3.569 заразени со коронавирусот.

Најмногу активни случаи се во Скопје, со вчерашните 63 инфицирани, вкупно 1.941 случај, најмногу во Чаир 373 Од другите градови најмногу заразени има во Тетово со 373, потоа Куманово со 197, Охрид 180 и Штип 160.

На Инфективната клиника хоспитализирани се 87 пациенти, од кои на кислородна поддршка се 51 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 27 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, три деца позитивни и два суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември" вкупно хоспитализирани се 115 пациенти од кои на респираторна машина се тројца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 102 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера истакна дека веќе осми-деветти ден по ред паѓа факторот на преносливост, што значи дека бројот на случаи се намалува.

– Од минатата недела има помалку случаи отколку што тоа беше просек трите претходни недели, што значи дека постепено посебно во некои делови во Скопје спласнува ситуацијата. Има спорадични случаи во другите градови. Сето тоа се работи коишто ги земаме предвид кога ги евалуираме барањата во однос на организација и попуштање за некои сегменти на сè уште рестриктивните мерки. Утрово беа претставници на организацијата ХОТАМ коишто побараа да се организираат свадби. Се разгледуваа протоколите коишто тие ги предлагаат, меѓутоа заеднички беше заклучено дека треба да помине уште најмалку една недела, што значи дека за една недела ќе се донесе соодветна одлука за организирање на свадбите, истакна Филипче.

Министерот за здравство потенцира дека одржувањето на изборите не се фактор за одредувањето на рестрикциите. А рестрикции ќе се воведат ако ескалира состојбата.

– Нема никаква индикација да се прави дополнителна рестрикција на движењето со оглед на тоа што паѓа бројот на случаи, рече Филипче.

Министерот за здравство вчера испрати видеопорака дека се преземени сите мерки гласањето на предвремените парламентарни избори да биде безбедно.

– Министерството за здравство, во соработка со другите институции, изготви сигурен и ефикасен протокол за заштита на здравјето на граѓаните при гласање. Сакам од мое лично име и од името на комисијата, да ве уверам дека на денот на изборите ќе биде сосема безбедно да се гласа и со тоа да го остварите вашето граѓанско право. Гласањето нема да биде помалку безбедно од која било друга нормална активност која ја вршиме секојдневно, како одењето во маркет, истакна Филипче.

На вчерашната седница Владата го утврди Протоколот за работа на Дневните центри за деца и лица со попреченост во услови на епидемија на заразната болест КОВИД-19.

На седницата беа усвоени и измени и дополнувања на Протоколот за начинот и условите за организација на настани исклучиво на отворен простор.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев информираше дека досега се констатирани вкупно 27.326 прекршоци за неносење лична заштита на лицето.

ЕУ вчера испрати 65.000 хируршки маски за Македонија, Црна Гора, Србија и Хрватска.

Освен овие нови 65.000 маски, ЕУ веќе има доставено 370.000 заштитни маски на земји на кои им се потребни.

Внимателно се следи и состојбата во соседните земји, каде што е забележан пораст на новозаразени и доколку е потребно македонските власти најавија и рестриктивни мерки на границите.

ВМРО – ДПМНЕ: Филипче злоупотребувал службени возила да оди по митинзи

Доктор и министер за здравство да не го интересира здравјето на граѓаните е крајно неетички. 

Додека колегите колабираат од замор во борба со корона вирусот, да се трча на митинзи за да му се статира на Заев е срамно.

Наместо да се инвестира секој денар во справување со корона кризата, да се злоупотребуваат службени автомобили за одење по митинзи е криминал.

Јавното обвинителство мора да престане да се прави слепо и да ги истражи злоупотребите на Филипче констатирани од ДКСК.

Дури народот заболува и умира, Шекеринска, Филипче и Заев секој ден заглавуваат во афери за криминал, корупција и рекет

Народот виде со каква неспособна власт на Заев, Шеќеринска, Филипче и СДСМ си има работа.

Цел месец Македонија се бори со трицифрени бројки новозаразени што е резултат на нивната лажна нормалност. Последното деноноќие имаше 120 заболени и 5 починати, со што вкупните бројки се 7244 заболени и за жал 351 починат, со што сме црни рекордери во регионот по двата параметри на еден милион жители.

Единствено успешни се покажаа во креирање и заштита на криминални и рекетарски шеми.

Јавноста уште чека одговорност за седенките на Шекеринска со двајцата осудени во случајот Рекет.

Јавноста уште чека одговорност за бизнисот кој му го договарал Заев на про рускиот бизнисмен Дака за кој биле дадени 300 илјади евра.

Јавноста уште чека одговорност за сведоштвото дека рекетираните пари во Македонија завршиле кај браќата Зоран и Вице Заеви.

Јавноста чека одговорност и за пазарењето со правдата во износи од 4,6,8, милиони евра.

Јавноста чека одговорност за снопчињата пари кои Ден Дончев ги ставаше во својата чанта.

Јавноста уште чека одговорност за сведоштвото дека рекетарско мафијашки групи палеле возила со зелено светло добиено од Вице Заев.

Ете заради ова системот во Македонија е урнисан и државата тоне секој ден со власта на Заев.

СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат само повеќе криминал, повеќе рекет, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе понижувања! Да ставиме крај на виткањето на кичмата! Исправи се Македонијо, одбери Обнова!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер