Најмалку деветмина загинати во човечко стампедо на забава во Бразил (ВИДЕО)

Девет лица ги загубија животите во стампедо рано  утрово во Сао Паоло кога двајца мажи кои бегале од бразилската полиција влетаа со мотори на забава каде имало околу 5.000 лица, соопшти полицијата.

Полицијата бркала двајца мажи на мотор, кои го вознемирувале соседството.

Инцидентот се случил во Параисополис, сиромашно предградие на Сао Паоло.Осомничените провалиле во забавата по што се создало стампедо, соопшти полицијата.

Гувернерот на Сао Паоло Жoао Дорија изјави дека истрагата ќе утврди што точно се случило и досега никој не бил уапсен .Портпаролот на полицијата изјави дека 38 полицајци и 14 полициски возила биле вклучени во акцијата.

Седум лица се повредени и пренесени во болница.

притисни ентер