Пијан возач преку ѕидот со џип влета на ракометен натпревар- присутните во панично бегство (ВИДЕО)

Невообичаена сцена ги шокираше ракометарите во Шведска откако нивниот меч го прекина пијан возач кој со џип влета во салата.

Инцидентот се случил на машкиот ракометен натпревар до 14 години во Шведска меѓу Карлштат Скаре и Боденс. Сè уште не е познато каков план имал пијаниот возач и зошто влетал со џипот преку ѕид  и влегол на теренот.

Но, тоа целосно ги шокира сите присутни  во салата кои почнаа да бегаат во паника.

"Тоа беше ненормално. Многу се тресев. Го проби ѕидот. Спикерот реагираше брзо и ни рече на сите да ја напуштиме салата и да не се приближуваме до автомобилот затоа што не знаевме што се случува", изјави претседателот на клубот Магнус Ларсон.

Тренерот на Бодес истакна дека е чудо што никој од играчите не е повреден.

"Десет секунди пред инцидентот, играчите се движеа покрај местото каде што автомобилот ја проби салата.  Беше чиста среќа, чудо е што никој не беше таму кога автомобилот влета и никој не беше повреден", изјави Јохан Нистрам .

притисни ентер