Двајца поп пејачи одат во затвор поради силување : Се фалеле со снимки , а сега плачеа на суд (ВИДЕО)

Веста за грозоморните обвиненија за силување на двајца корејски поп sвезди ја потресе светската јавност.

Судот во Сеул, Јужна Кореја, донесе пресуда против пејачите Јунг Џун-Јанг и Чои Јонг-Хун и ги прогласи за виновни за силување две жени, по што ги осуди на шест и пет години затвор, пренесува Independent.

Обвинетите, наводно, плачеле кога ја слушнале пресудата за силување што се случило во 2016 година. Отежнувачка околност е што тие се снимале како се изживуваат врз жртвите за време на тој чин. И двајцата биле членови на мрежи за споделување сексуални содржини, кои се шегуваат со силувањето и изживувањето врз жени.

Пејачите, кои станаа  популарни откако учествуваа во шоу за таленти, признаа дека објавувале секс-снимки, но тврдат дека немало силување, туку дека жените се согласиле на секс.

Судијата ја образложи суровата казна со тоа што обвинетите „ги сметале жените за сексуални објекти за нивно задоволство“ и дека сторените злосторства биле многу сериозни.

„Строгата казна е неизбежна затоа што штетата што им ја нанесуваат на нивните жртви не може да се поправи“, рече судијата.

И двајцата мажи ќе треба да поминат и 80 часа сексуално образование.

притисни ентер