Вархелји : Целта ми е ширење на економскиот и социјалниот напредок

Новиот европски комесар за проширување и добрососедство ,Оливер Вархелји рече дека неговата цел во следните пет години од мандатот ќе биде ширење на економскиот и социјалниот напредок на ЕУ кон граѓаните на земјите во непосредна близина на Унијата

„Тоа е голем предизвик, со оглед на сложените и различните односи што ги имаме со државите, почнувајќи од Украина преку Србија и Албанија, до Турција, Египет, Мароко и Либија“, рече Унгарецот Вархелји во промотивното видео при денешното преземање на функцијата и почетокот на петгодишниот мандат.

Тој од денеска ја презема функцијата од досегашниот комесар Јоханес Хан , кој останува во ЕК како еврокомесар за буџет и администрација.

МВР: Регистрирани се 415 прекршоци за неносење лична заштита на лице

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република  Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 415 прекршоци. 

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Влез во земјава само со ПСР тест за граѓаните на Србија, Косово, БиХ и Црна Гора – препорача Комисијата за заразни болести

Оваа препорака Комисијата за зарaзни болести ќе ја поднесе до Владата за понатамошно постапување.

Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок на кој донесе одлука да достави предлог до Владата на Република Македонија од утре при влез во нашата земја за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПСР тест не постар од 72 часа.

Препораката на Комисијата е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји.

Оваа препорака Комисијата за зарaзни болести ќе ја поднесе до Владата за понатамошно постапување.

ВМРО-ДПМНЕ: Сериозно ќе се посвети на обновата на македонскиот здравствен систем

ВМРО-ДПМНЕ ветува дека ќе инвестира во здравството. Ветуваме модернизација и реновирање на Клиничкиот центар „Мајка Тереза". 

Во рамки на овој проект, предвидуваме модернизација и реконструкција на Градската општа болница „8 СЕПТЕМВРИ" која ќе функционира како дополнителен клинички центар во Скопје. Довршување на изградбата, опремување и развивање на нова модерна Клиничка болница во Штип. Предвидуваме реконструкција, модернизација и интегрирање на Клиничкиот центар во Тетово, кој ќе прерасне во модерна Универзитетска клиничка болница.

Ветуваме Целосна дигитализација на рецептите, упати, извештаи и резултати ќе спроведеме дигитализација на радиолошките единици, нивно поврзување во единствен центар за да се скратат процедурите и да им се олесни пристапот до здравствениот систем на граѓаните. Системот ќе биде дигитализиран во сите делови, од подигнување електронски рецепти кај матичен лекар, до добивање медицински извештаи. Електронски издадениот рецепт од лекарот ќе може да се подигне во која било аптека со документ за лична идентификација од страна на пациентот или негов близок.

Концептот на Е-ЗДРАВСТВО ќе биде да се оптимизира здравствениот систем, да се олесни работата на медицинскиот персонал, но и да се скрати бројот на физичко присуство на пациентите во здравствените установи, а во исто време да се зголеми достапноста на здравствените услуги. Здравствениот систем ќе биде оптимизиран со минимум употреба на хартија, по примерот на високоразвиените земји од Европската Унија.

Сите здравствени работници вклучени во борбата со ковид-19 во октомври ќе добијат дополнителни 50% од својот личен доход како мотив да продолжат со борбата против опасниот вирус. Дополнително, вработените на Инфективна клиника и ГОБ „Осми септември" ќе добијат уште една плата како бонус за натчовечките напори кои ги вложуваат во борбата со вирусот.

По 15 јули почнува обновата.

СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер