Ангеловска: Од 15 декември започнува #МојаНаграда, највисоката награда 50.000 евра

Од 15 декември започнува наградната игра МојДДВ#МојаНаграда, која ќе трае една година и на која ќе се доделат две главни премии од по 50.000 евра.

Од 15 декември започнува наградната игра МојДДВ#МојаНаграда, која ќе трае една година и на која ќе се доделат две главни премии од по 50.000 евра, секој месец ќе се доделуваат 15 награди од по 100.000 денари, додека секој ден ќе се доделуваат по 10 награди - 4 по 1.000 денари, 3 награди по 2.000 денари и 3 награди по 3.000 денари. Вкупниот фонд на #МојаНаграда е половина милион евра, а ќе можат да учествуваат сите полнолетни граѓани кои се регистрирани во системот на е-персонален данок и кои скенираат фискални сметки преку апликацијата МојДДВ, истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на денешната прес-конференција на која беше претставена #МојаНаграда.

Како што рече министерката за финансии, добитниците на дневна основа ќе се извлекуваат софтверски преку електронски генератор и ќе бидат известени преку самата апликација „МојДДВ". Тие ќе добијат известување колкава награда добиле или доколку не добиле награда ќе добијат едукативна порака. Оние кои при скенирање на сметките нема да добијат дневна награда, ќе учествуваат во извлекувањата на месечно ниво и на извлекувањата за премиите. Извлекувањата за месчените награди и за премиите ќе бидат јавни.

-Која е целта на #МојаНаграда? - Да биде засилување на мерката МојДДВ - која патем дава одлични резултати во сузбивањето на сивата економија. #МојаНаграда треба да ги мотивира луѓето да ги скенираат и оние сметки со помали суми на ДДВ, , кои претходно не ги скенирале, како и да ги натера да продолжат да скенираат сметки откако ќе го надминат месечниот праг за поврат на ДДВ- рече Ангеловска.

Ангеловска рече дека при дизајнирањето на #МојаНаграда биле земени најдобрите практики од другите земји, од извештаи на Европската комисија. Таа посочи дека покрај сузбивањето на сивата економија, преку наградната игра ќе се врши и финансиска едукација на граѓаните и подигање на даночниот морал преку едукативни пораки.

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска истакна дека мерката МојДДВ, на која се надоврзува наградната игра МојДДВ#МојаНаграда дава одлични резултати.

-Вкупно корисници на апликацијата заклучно 28 ноемрви има 184.728 корисници, скенирани се 39.584.924 фискални сметки. Остварен е промет од 19 милијарди 378 милиони денари. Вкупно остварена наплата на ДДВ од 5% и 18% од овој промет изнесува 2 милијарди 98 милиони 709 илјади денари. Вкупно оствареното право на поврат за време на цело време на траење на мерката изнесува 5 милиони 119 илјади евра. Просечната старост на лица кои скенираат фискални сметки е од 42-44 години, а најмногу скенираат лица на возраст од 35 години. Во скопските општини Аеродром, Кисела Вода, Центар и Карпош имаат најмногу лица кои скенираат фискални скметки, како и во Битола и во Штип-рече директорката Лукаревска.

Таа апелираше до граѓаните кои немаат внесено траснакциска сметка за поврат на ДДВ да го направат тоа.

Инаку организатори на наградната игра #МојаНаграда се Министерството за финансии, Управата за јавни приходи и Државна лотарија на Македонија. Предвидени се вкупно 3.852 награди и тоа 1.468 награди по 1.000 денари, 1.101 награда по 2.000 денари, 1.101 награда од 3.000 денари, 180 награди по 100.000 денари и 2 награди по 3 милиони денари.

Видео: „Мона Лиза“ рапува со помош на вештачка интелигенција

„Мајкрософт“ ја претстави новата технологија со вештачка интелигенција наречена „ВАСА-1“, што може да сними фотографија и аудиоисечок и да ги комбинира во реалистична видеоснимка.

За почеток, технолошкиот гигант претстави видео на кое „Мона Лиза“ на ренесансниот уметник Леонардо да Винчи „ја рапува“ песната „Paparazzi“... Но, овде не се работи за хитот на Лејди Гага, туку рап-верзијата што Ен Хатавеј ја изведе во „Емисијата на Конан О'Брајан“ во 2011 година.

„Ова е толку смешно, плачам од смеење“, „Само Да Винчи да можеше да го види ова“, „Уште едно страшно видео со вештачка интелигенција“, „Ова е морничаво“ - се дел од коментарите.

Видеото набрзо собра над 7,1 милиони прегледи на само еден профил на „X“.

Мадуро размислува повторно да се отвори Канцеларијата на ОН за човекови права во Венецуела

Мадуро најави дека е подготвен да се сретне со претставникот на Канцеларијата на ОН за човекови права.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро најави дека е подготвен да се сретне со претставникот на Канцеларијата на ОН за човекови права, откако претходно, во февруари, венецуелската Влада побара од вработените во Канцеларијата да ја напуштат земјата во февруари.

-Добив предлог за повторно отворање на Канцеларијата на високиот комесар на ОН за човекови права во Венецуела и се согласувам дека треба да ги надминеме нашите разлики, изјави Мадуро за венецуелската национална телевизија, за време на заедничкиот говор со главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, Карим Кан.

Мадуро додаде дека е подготвен наскоро да се сретне со Фолкер Тирк и дека претставникот на Канцеларијата е добредојден да дојде на разговори за разликите што ги имаат и начините за надминување на конфликтот што произлезе.

Откако кон средината на февруари од персоналот на Канцеларијата за човекови права на ОН беше побарано да ја напушти Венецуела, владата најави дека во рок од еден месец ќе ги ревидира техничките услови за соработката.

Венецуелската влада потоа го критикуваше „колонијалистичкиот, навредлив и насилен однос“ на ОН, откако специјалниот известувач рече дека венецуелската програма за храна не се занимава со основните причини за гладта во земјата, потсетуваат британските медиуми. /МИА

Рускиот свештеник кој држеше опело за Навални отстранет од црквата на три години

Тој ќе биде префрлен и во друг храм во Москва, каде што ќе ги извршува должностите на црковен помошник.

Рускиот православен свештеник кој во март одржа комеморација во спомен на починатиот руски опозициски лидер, Алексеј Навални е суспендиран на три години од извршувањето на неговите духовни должности, соопшти Московската епархија на Руската православна црква, цитирана од британските медиуми.

Во соопштението, кое беше објавено вчера на веб-страницата на епархијата, не е наведена причината за казната за отец, Дмитриј Сафронов, со која му се одзема правото да дава благослов и да носи расо и свештенички крст до 2027 година.

Тој ќе биде префрлен и во друг храм во Москва, каде што ќе ги извршува должностите на црковен помошник.

-По истекот на периодот на покајание (казна - забелешка изд.), врз основа на повратните информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука дали е можно тој да продолжи со свештеничката служба, наведуваат од епархијата.

На 26 март, Сафронов одржа комеморација на која присуствуваа илјадници луѓе за Навални, кој беше најжесток критичар на руската територија на претседателот Владимир Путин и кој почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот. /МИА

притисни ентер