Австралија воведе камери за да ги снима возачиоте кои зборуваат на мобилен

Австралиската држава Нов Јужен Велс, во најголемиот град Сиднеј, ја постави првата сообраќајна камера на светот за да открие употреба на мобилни телефони за време на возење.

Камерите имаат за цел да ги намалат сообраќајните несреќи за една третина за две години, соопшти Управата за сообраќај.

Овие камери за откривање на мобилни телефони ќе работат непрекинато во сите временски услови за да се открие дали возачот има телефон во рака, соопшти Бирото за сообраќај NSW, кое управува со државните транспортни услуги.

„Тоа е систем што ќе ја промени културата“, изјави полицискиот командант Мајкл Корбој за австралиските медиуми.

Телефонските повици за време на возењето се легални, но само со hends free уреди.

Сè друго, како видео повици, користење социјални мрежи и фотографии, е нелегално додека сте зад воланот.

Годинава загинаа 329 лица во сообраќајни несреќи во таа земја, споредено со 354 за цела 2018 година. Државата сака да ги намали сообраќајните несреќи за 30 проценти до 2021 година.

Мобилните камери за откривање мобилни за време на возење користат вештачка интелигенција што ги разгледува фотографиите и откриваат незаконска употреба на мобилните уреди, информира Бирото за сообраќај во Нов Јужен Велс.

Во првите три месеци од воведувањето на системот за откривање, обвинетите возачи ќе добијат предупредувачки писма. Потоа, казните ќе изнњесуваат  233 долари , како вообичаена казна и 457 долари казна за користење мобилен зад волан во училишната зона.

И во двата случаи возачите добиваат и казнени поени.

Дневен хороскоп за 8 декември 2019 година

Дневен хороскоп за недела, 8 декември 2019 година. 

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе се согласите на сите барања од саканата личност , зашто и вие исто ќе мислите. Ќе бидат тоа мали , слатки грижи.

Кариера

Ќе покажете доза на попустливост во деловните договори. Би можеле да бидете малку построги за да постигнете поголема контрола.

Здравје и совет

Ќе бидете фокусирани на други.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Освен опуштениот изглед со кој зрачите, денеска ќе покажете и малку поголема страст. Другата страна тоа добро ќе го прифати.

Кариера

Извесен е мал трошок поврзан со луксуз или подобрување на работните услови. Можете тоа да сиго дозволите.

Здравје и совет

Некои имаат духовни искуства.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе бегате во својот свет на сништата пред незадоволителната љубовна реалност. Тоа ќе биде вашиот вентил.

Кариера

Можеби некои ваши идеи нема веднаш да бидат прифатени , едноставно зашто се неспроведливи во реалните услови.

Здравје и совет

Помирете се со реалноста.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Во комуникацијата со саканата личност , се поголема улога ќе игра фантазијата и интересните идеи кои како да не се од овој свет.

Кариера

Тешко дека некој ќе ве стави денеска во некаков калап. Ќе бидете навистина посебни во секој поглед.

Здравје и совет

Имате право кога ја негувате натуралноста.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Љубовта од работното место ќе ве збунува. Нема лесно да се поставите во таквата ситуација. Не ви е лесно зашто немате јасно поставен став.

Кариера

Креативните работи ќе се одвиваат без проблем. Промените што се случуваат на работното место ќе ги прифатите без двоумење.

Здравје и совет

Издржете.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Пред вас е ден полн со емотивни фрустрации. Што и да правите, ќе излезе задоволително.Имајте трпение.

Кариера

Незадоволните од работата , ќе се засилат за да ги менуваат работите. Задоволните ќе мечтаат за да биде уште подобро.

Здравје и совет

Работете го она што го сакате.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Веројатно денеска ќе бидете малку почувствителни од вообичаено, а поради слабите љубовни шанси , ќе се појават и фрустрации.

Кариера

Ќе бидете сигурни во сопствените резултати и ќе настојувате планот да го изведете до крај. Сепак , тоа ќе биде доста напорно.

Здравје и совет

Ви треба кус одмор.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Може да очекувате уште еден ден со побогат друштвен живот , што ќе го помнинете со кого вие сакате.

Кариера

Лесно ќе излегувате на крај со луѓето . Многумина во вас ќе препознаваат пример , а вие ќе бидете поотворени од вообичаено.

Здравје и совет

Уривате рекорди.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Денеска ќе се занимавате со мисла дали да се впуштите во нешто позначајно со личноста што ја среќавате низ работната средина.

Кариера

Работите за кои се бара емоционален ангажман добро се поставени. Некои ќе се преоптеретени со работи.

Здравје и совет

Не мора да се брзате.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе играте на карта на заведување и на глумење еротика. Вистина е дека во тоа ќе имате стил , па и успехот е веројатен.

Кариера

Можните преговори околу едно спонзорство се приведуваат до крајот. Нема да го имате главниот збор , но ќе се договорите.

Здравје и совет

Ќе имате пријатни сништа.

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Продолжувате со својата сензуална фаза на заведување , кога многу личности од спротивниот пол ви паѓаат под нозе.

Кариера

Ќе влијаете на настани , луѓе и работа повеќе отколку што мислите. Не сте свесни колку ве имитираат.

Здравје и совет

Немојте да си го расипете карактерот.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Веројатно ќе потрошите повеќе пари од планираното , а сето тоа со цел некого да импресионирате. Љубовта нема цена.

Кариера

Вашите сојузници се засилуваат , а и вие со нив. Денеска станувате се посвесни за тоа , а вашата самодоверба расте.

Здравје и совет

Не знаете до каде може да стигнете.

Плејбој објави нова фотографија од најпознатата зајачица

Службениот Инстаграм профил на Плејбој е вистински рај за очите на сите осум милиони луѓе кои го следат.

Екипата од најпознатиот машки магазин на светот секојдневно објавува стари фотографии од убавиците кои се фотографирале за овој магазин. Таму може да се видат некои од најубавите жени од шеесеттите па се до денес. Но, најмногу внимание привлече најпознатата Плејбој зајачица Памела Андерсон со фотографија на која таа е потполно гола.

Лепа Брена и Боба слават 28 години брак

Лепа Брена, една од најпопуларните пејачки на Балканот, слави 28 годи брак со Боба Живоиновиќ.

Пеачката открива дена ниту оваа година нема да има гламурозна прослава.

-Ние тоа го прославуваме многу лесно и едноставно. Сакам сите деца да се со нас, со нивните девојки и сопруги. Отвораме шише шампајн, седиме и се дружиме. Без многу гламур, објаснува Брена.

Балканската дива појаснува и дека цел декември во нејзиниот дом владее празнична атмосфера.

-Декември е месев во кој навистина имаме многу обврски. Особено оние обврски кои луѓето не ги гледаат а тоа е да имате некаква комуникација со своето семејство. Затоа што на нашите деца им се потребни мајките во декември. Моите деца пораснаа па тие мене многу повеќе ми помагаат отколку јас на нив, Многу сум среќна оваа година, затоа што јас и Боба славиме 28 години брак. Славиме годишнина, изјавила Брена.

Популарната пејачка на својот Инстаграм профил објави и снимка од венчавката.

-И така ние 28 години. Не е ништо страшно. Среќна жена. Јас немам друг дом, напиша Брена.

притисни ентер