И петгодишно дете , жртва на снежното невреме во САД (ВИДЕО)

Снежното невреме во САД засега однесе најмалку две жртви и предизвика бројни проблеми во воздушниот сообраќај.

Петгодишно момче загина во Аризона , откако автомобилот во кој се возел , го однела надојдена вода, јави АП. Друго лице го загуби животот во невремето во Јужна Дакота.

Поради силните ветришта и снежните наноси , многу летови беа одложени , а десетици беа откажани на двата големи аеродроми во Чикаго.

Дури 182 летови се одложени на меѓународниот аеродром во Денвер.

И на автопатите, снежното невреме предизвика проблеми низ поголемиот дел на САД.

притисни ентер