Бремена плус сајз манекенка се соблече гола за Денот на благодарноста (ФОТО)

Ешли Греам , најпознатата плус сајз манекенка е во напредна бременост , но тоа не ја спречи да им го честита Денот на благодарноста на милионите фанови со фотографија од своето голо тело.

Таа објави голо селфи на Инстаграм како го гали бебето.

„Среќен Денот на благодарноста“,ја потпиша  Ешли сликата на која го покажува својот труднички стомак , додека го држи телефонот со едната рака а со другата ги покрива голите гради.

Ешли и нејзиниот сопруг Џастин Ервинс очекуваат во јануари машко бебе. Двојката ја објави веста за бременоста во август, на нивната деветта годишнина од свадбата.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

That new new @additionelle Code ASHLEY30 for 30% off

A post shared by A S H L E Y G R A H A M (@ashleygraham) on

Греам (32) е најславната плус сајз манекенка ,а се прослави во  2016 година, кога стана првиот модел со големина 16 која се појавила  на насловната страница на Sports Illustrated Swimsuit.

Греам го запознала Џастин Ервин во 2009 година и тие се венчале една година подоцна. Конечно, девет години потоа,  во август оваа година, парот објави дека очекуваат бебе.

Фото: Северина има иста чанта како Меган Маркл

Северина овој викенд објави фотографии од Монте Карло каде што отпатувала со својот сопруг Игор.

Хрватската пеачка изненади многумина со својот стајлинг на последните фотографии.

На фотографиите се гледа скапоцена кожна чанта од уругвајската дизајнерка Габриела Хеарс  каква што има и војводката Меган.

Оваа чанта чини околу 1800 евра.

Јагуар претстави седишта кои симулираат одење

Голем број на возачи по долго патување чувствуваат болка во лумбалниот дел од рбетот и рамената.

Експертите советуваат почести паузи за време на подолгите патувања, за да се избегнат воспалувања и повреди кои настануваат поради неудобно седење.

Конструкторите од компанијата Јагуар осмислија нов тип на автомобилско седиште. Иновативниот производ симулира движења  слични на оние кои настануваат кога одиме.

Седиштето моментално се тестира во одделна компанија задолжена за производство на ентериер на возила.

За време на возењето ова седиште се помрднува и создава вибрации кои симулираат чекорење. Со тоа се намалува здравствениот ризик од долго седење зад воланот. Седиштето се прилагодува на анатомијата на телото на секој возач и патник.

Според податоците од Светската здравствена организација, повеќе од една четвртина од луѓето на планетата поминуваат премногу време во седечка положба. Тоа предизвикува сериозни оштетувања на мускулите на нозете, деформирање на колковите и рбетот. Професионалните возачи се посебно загрозени, затоа што работниот ден го проаѓаат зад волан во подолги временски интервали.

Компанијата Јагуар со своите иновации сака да го унапреди здравјето на своите купувачи.

Видео: Очилата за сонце низ децениите

Очилата за сонце со децении се главен моден детаљ, а бројни познати личности имаат направено одредени модели да станат популарни.

Од кружните рамки кон почетокот на 20. век, преку пилотските очила во 30-те години од минатиот век , до Џеки Кенеди и нејзините огромни очила од 70-те, модата секако се менувала.

Денес, во мода се скоро сите прочуени очила за сонце.

Во ова видео погледнете како модата на очилата за сонце се менувала во последните 100 години.

притисни ентер