Опозиционерите ја блокираа РТС , бараат директно вклучување во програмата

Движењето ,,Двери” соопшти  дека нивни припадниците два часа ги блокирале „сите три влеза“ во зградата на РТС на улицата Таковска во Белград.

Опозиционерите ги блокирале влезовите во зградата на Радио телевизија на Србија на годишнината од протестот „Стоп зас крвави кошули“.

Движењето повикува на итна средба со главниот и одговорен уредник на информативната програма на РТС, Небојша Љ. Стефановиќ или со дежурниот уредник за да ги изнесат своите барања.

„Бараме на телевизијата  да биде гостин (заменик претседателот на Партијата за слобода и правда) Борко Стефановиќ, еден од опозициските лидери брутално претепан во Крушевац пред една година, како и организаторите на протестите„ Еден до пет милиони “ кои не беа застапени на програмите на  РТС изминатата година “, се наведува  во соопштението на Двери.

Од движењето  исто така бараат да се обезбеди специјален пренос вечерва или следните денови во „Дневникот“, во кој ќе учествува претседателот на движењето, Бошко Обрадовиќ и други пратеници од опозицијата.

Големиот бугарски негатор на се што е македонско, фатен како пијан управува со возило !

Бугарскиот европратеник, Ангел Џамбаски , познат по своите крајно негаторски и нецивилизирани изјави во кои негира постоење на Македонците и македонскиот јазик, фатен со 1,5 промили алкохол зад воланот!

Минатиот викенд, во Самоков, бил сопрен при рутинска контрола на бугарската полиција, која побарала од него да направи алко-тест.
Дрегерот покажал 1,5 промили на алкохол, што значи покренување и на соодветен судски поднесок.

Во изјава за тамошните медиуми, Џамбаски го признал овој срамен и крајно опасен чин, велејќи:
„Јас сум виновен, но не би било важно, недај Боже, да станеше нешто лошо, а што ако се случеше нешто непоправливо што не можам да го вратам?“

Минатата година пак, во ова време, истиот овој Џамбаски, при контрола  на софискиот аеродром , поседувал непријавен пиштол кој имал 8 куршуми во себе и еден во цевката!

Од оваа перспектива,  можеби македонската јавност треба да му прости на сите антимакедонски изјави на г-дин Џамбаски, затоа што не знаеме кога и под какви „услови“  ги давал сите тие изјави.

Турција им се закани на САД по признавањето на геноцидот врз Ерменците

Усвојувањето на резолуција во американскиот Конгрес за признавање на геноцидот од Отоманската империја врз Ерменците на почетокот на 20 век „ја загрозува иднината“ на односите меѓу Турција и САД.

Ова предупредување вечерва го објавија турските власти, непосредно по донесената одлука во Вашингтон.

„Однесувањето на одредени членови на американскиот Конгрес ги загрозува турско-американските односи ... Резолуцијата на САД донесена од Сенатот денес ја доведува во прашање иднината на нашите билатерални односи“, изјави портпаролот на турското претседателство Фахретин Алтун.

Горниот дом, Сенатот на САД едногласно денеска ја донесе резолуцијата во која се признава геноцидот врз Ерменците. Таа резолуција беше изгласана на крајот на октомври од страна на Претставничкиот дом, што во тоа време предизвика незадоволство од Турција.

Републиканскиот сенатор Кевин Крамер претходно изјави дека не е вистинско време да се донесе закон што ќе ја налути Турција.

Историчарите проценуваат дека 1,5 милион Ерменци биле убиени во Отоманската империја за време и по Првата светска војна, за што експертите сметаат дека е првиот геноцид во 20 век.

Наследникот на империјата, Турската Република, прогласена во 1923 година, негира дека станува збор за геноцид, туку дека тие биле само жртви на граѓанска војна и немири во време на распадот на Отоманската империја, чиј број бил предимензиониран и дека имало смртни случаи од обете страни.

Турција соопшти дека тогаш биле убиени меѓу 250.000 и 500.000 Ерменци.

Се зголеми бројот на жртвите во пукотницата во болница во Чешка

Бројот на загинати во пукотницата во чешката болница денес се искачи на седум, кога една жена која беше тешко повредена почина два дена по нападот.

42-годишен маж отвори оган во чекалната во Универзитетската болница во Острава, 350 километри источно од Прага, при што загинаа шест возрасни пациенти и се ранети тројца други, пренесува АП.

Другите двајца повредени мажи не се во животна опасност.

Полицијата го идентификува напаѓачот како човек со криминално досие кој користел нелегален пиштол и дејствувал сам.

Ова е второ најсмртоносно масовно пукање во Чешка од 2015 година, кога маж уби осум лица во југоисточниот град Ухерски Брод пред да се самоубие.

притисни ентер