Научниците предупредуваат: Секој четврти тинејџер е зависен од мобилен

Речиси една четвртина од младите луѓе толку многу се потпираат на паметните телефони што тоа се претвора во зависност, сугерира психијатриска студија пренесена од ББС.

Студијата на Универзитетот Кинг Колеџ во Лондон покажува дека ваквото зависносничко однесување значи дека луѓето паничат или се чувствуваат измамени ако им се одземе постојан пристап до мобилниот и дека младите не можат да го контролираат времето што го поминуваат на своите мобилни телефони.

Студијата предупредува дека ваквите зависности имаат сериозни последици по менталното здравје.

Како дел од студијата објавена во списанието BMC Psychiatry, беа анализирани 41 студија во кои биле вклучени 42.000 млади луѓе како дел од нивната студија за „проблематична употреба на паметните телефони“.

Според студијата, 23 проценти од испитаниците откриле зависно однесување - како што е вознемиреност поради немање пристап до уредот или од неможност да го контролираат времето поминато на уредот и тоа во толкава мерка што е штетно за другите активности.

Ваквото зависно однесување може да биде поврзано со други проблеми како што се стрес, депресивно расположение, недостаток на сон или ограничени успеси на училиште, се наведува во студијата.

„Паметните телефони нема да исчезнат и затоа е потребно да се разбере обемот на проблематичното користење на овие уреди“, вели научникот Никола Калк од Институтот за психијатрија, психологија и невронски мрежи на „Кингс колеџ“ во Лондон.

„Не знаеме дали паметниот телефон може сам да создаде зависност или е создадена од апликациите што ги користат младите“, вели Калк.

„Во секој случај, јавноста треба да биде запознаена со проблемот со користењето на паметните телефони кај младите луѓе и децата, а родителите треба да бидат свесни колку време нивните деца поминуваат на овие уреди“.

Ко-авторката Саманта Сон предупреди дека зависностите „можат да имаат сериозни последици врз менталното здравје и секојдневното функционирање и затоа има потреба дополнително да се истражи проблематичната употреба на мобилните телефони“.

Научникот од универзитетот Кембриџ , Еми Орбен предупредува дека нема потреба да се претпостави дека постои причинско-последична врска помеѓу проблематичната употреба на мобилните телефони и здравствените проблеми како што е депресијата.

„Порано се покажа дека влијанието на мобилниот телефон не е еднонасочна улица и дека може да се смени располжението во зависност од тоа колку време се поминува на уредот“, вели д-р. Орбен.

„Македонија одлучува“ – отворено студио на Канал 5

Во отвореното студио на Канал 5 , гости на Александар Видиновски се Драган Павловиќ Латас и Љупчо Зиков.

Павловиќ- Латас во гостувањето рече дека разликата меѓу двајцата први кандидати ќе биде меѓу 80 и 100.000 гласа, според информации што ги имал од голем аналитички центар.

Зиков рече дека големата излезност е пред сѐ поради големиот број на кандидатите, а како императивот личат на парламентарни на прашањето дали тоа значи дека има опозициско расположение.

Џафери: Гласот на граѓаните ќе го потврди европскиот пат на државата

Претседателот на Владата, Талат Џафери, утрово во родното Форино го оствари своето гласачко право на денешните претседателски избори.

Во изјавата дадена за медиумите по гласањето, премиерот Џафери посака мирен изборен ден во кој граѓаните ќе ја искажат својата сопствена волја, а должност на државните институции е тоа да го овозможат.

Премиерот порача дека, овие избори се од голема важност бидејќи од нив зависи во кој правец ќе се движи државата.

„Во овие три децении од самостојноста на државата, основна определба е дека земјата и граѓаните претендираат членство во ЕУ и ние сме должни тоа да го обезбедиме. Секако, граѓаните преку својата волја, со гласање тоа ќе го потврдат. Имајќи ги предвид глобалните состојби, но и состојбите во регионот, сметам дека мнозинството граѓани тоа ќе го искажат и низ процесот на гласање", изјави претседателот на Владата, Џафери, соопштуваат од Владата.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети гласаше во Зајас

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска гласаше во селото Зајас во општина Кичево.

Тој ги охрабри граѓаните да излезат на гласање во што поголем број и да го изразат својот став заради остварување на своето демократско право.

Денес, во мојот Зајас, го искористив демократското право на глас за да оставам трагови на својот придонес во трасирање на европската иднина.

Со нашиот глас ја имаме историската шанса еднаш засекогаш да ја запечатиме нашата евро-американска ориентација, да кажеме НЕ на Русија, ДА на Европа!

Затоа, Ве повикувам сите да гласате за големата победа на нашата европска кауза!

Посакувам успешен изборен процес, во целосно демократски и европски дух!

Изјавата на претседателот на ДУИ, Ахмети:

„Пред се, се надевам дека овие избори ќе бидат по сите европски стандарди, ние како држава сме во под будно око на земјите од Европската Унија, затоа што еден од најнеопходните стандарди што мора да се исполни е организирање на изборите и под какви стандарди. Посакувам процесот да помине добро, за што сите политички партии се заангажираа за фер, и чесен процес. Посакувам сиот овој апел, практично да дојде до израз и вечерта на 24 април, да имаме фер, слободни и демократски избори, а нека победи тој што ги убедил граѓаните преку платфрома, со својата програма и остварувањата што ќе ги направи во мандатот што ќе го добие.

притисни ентер