Пендаровски: Уставните судии да сфатат дека Груевски веќе не е господар на нашите животи

„Навистина сакам да апелирам до тие луѓе да се свестат, да сфатат што почнале да прават.“

Евентуалната одлука на Уставниот суд со која практично би се активирало помилувањето што кое го даде поранешниот претседател Ѓорге Иванов на осомничени за сериозен криминал што беше предмет на истраги на СЈО, би бил директен удар на демократијата и правната држава, оцени денеска актуелниот претседател Стево Пендаровски.

– Јас би сакал да апелирам уште во оваа фаза до оние пет судии од Уставен суд кои гласаа за покренување на таа иницијатива, да се разбудат на време и да сфатат дека во оваа земја повеќе Никола Груевски не е господар на нашите животи. Дојдена е демократија во која секој може да каже што сака, но таа демократија подразбира да се почитува правото. Факт број еден. Помилувањето кое го даде Иванов беше акт на неправда, не беше ниту правно засновано, а не беше ниту демократско. Сега вие да расправате за еден акт што ја пробуди досега единствената демократска револуција во нашата земја, во 30 години независност е невиден чин, изјави Пендаровски одоговрорајќи на новинарско прашање по денешната конференција што ја организира „Цивил".

Според него, правно неоснована е иницијативата за оценување на уставнста на членот 11 – а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 – та година.

– Навистина сакам да апелирам до тие луѓе да се свестат, да сфатат што почнале да прават, да се повлечат на време, затоа што правната држава која во меѓувреме со многу маки ја обновуваме во Република Македонија сигурно ќе најде механизми, правни механизми – таа одлука и ако ја донесат, да не биде практично имплементирана, бидејќи тоа ќе биде погубно не само за нашите евроатлански интеграции, туку ќе биде и директен удар на правната држава, директно ќе ги погоди човековите слободи и права и тоа секој разумен и одговорен политичар и институција во оваа земја нема да го дозволи./МИА

Тинејџерка во училиште во Британија со нож нападнала двајца наставници и девојче

Тинејџерка е уапсена откако на училиште со нож нападнала двајца наставници и ученичка, соопшти британската полиција.

Инцидентот се случил околу 11.20 часот.

„Токму по 11.20 часот утринава добивме повик да за инцидент во училиштето Аман Вали во Кармартеншир. Службите за итни случаи веднаш пристигнаа и училиштето беше затворено заради безбедноста на сите во просториите. Три лица, две учителки и една тинејџерка, беа пренесени во болница. Тинејџерката е уапсена поради сомнение за обид за убиство и во моментов е во притвор.

Додадоа и дека соработуваат со училиштето и даваат поддршка на секој што има потреба.

Апелираа и да се отстрани видеото од нападот од социјалните мрежи.

Истрагата е во тек, а мотивите за нападот се уште не се познати.

Стојановска: Убедливо водство на Гордана Силјановска-Давкова

Пратенилката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановсака ги објави најновите податоци за резултатите од гласањето.

Како што рече Стојановска , во водство е кандидатот на ВМРО- ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

притисни ентер