Димче Арсовски: Обвинителите од СЈО веднаш да бидат суспендирани од своите работни

СЈО на вработените и на физички лица за хонорари и по други основи исплатиле над 10 милиони евра пари на граѓаните доделени од Буџетот на Република Македонија.

Бараме обвинителите од СЈО и сите други кои што се инволвирани во сегашната истрага за проненеверата на парите од СЈО уште веднаш да бидат суспендирани од своите работни места за да не ја попречуваат во ниту еден момент истрагата за аферата Кеш и проневерата на над 10 милиони евра народни пари.

СЈО на вработените и на физички лица за хонорари и по други основи исплатиле над 10 милиони евра пари на граѓаните доделени од Буџетот на Република Македонија.

Надвор од законот, против законски Катица Јанева и обвинителите си исплаќале сами на себе огромни суми на пари кои достигнувале и над 150.000 евра по обвинител, пари доделени надвор од законот, односно противзаконски.

Катица Јанева можела да добива плата во висина од 90 проценти од платата на Републичкиот јавен обвинител, а нејзините соработници и Катица Јанева не смееле да имаат додатоци повисоки од 35 проценти од платата. За разлика од тоа гледаме дека Катица Јанева земала месечна плата и до 5.500 евра по основ на сите ставки. Тоа е далеку повеќе од она што требало да го зема согласно законот.

Обвинителството уште веднаш треба да ги суспендира од нивните работни места, а обвинителите треба да се гонат за злосторничко здружување при која е направена проневера, финансиска штета во вредност од над 10 милиони евра државни пари.

Бараме сите овие кои се офајдиле од СЈО да ги вратат парите назад во Буџетот и да одговараат за сето она што го сториле до сега.

СЈО наместо да дели правда, создаде неправда и направи огромна штета на правосудниот систем и го оштети буџетот на Република Македонија. На пример сопругот на докторката која даде боледување на Катица Јанева во екот на најголемата афера Рекет, Методи Цилков од СЈО има земено над 25.000 евра по основ на хонорари односно 1.585.000 денари земал Методи Цилков сопругот на докторката која што издаде боледување на Катица Јанева.

Катица Јанева практично си го купила сопственото боледување. Докторката Цилкова чии маж примал пари од Катица Јанева работела противзаконски и за истото треба да биде предмет на истраги и доколку нависни се увиде дека направила против законско дејание треба да одговора.

Катица Јанева и СЈО заедно со СДСМ целиот свој мандат и постоење работеле спротивно на законите и проневерувале пари. Згора на тоа, гледаме дека уценувале вршеле притисоци и рекетирале. Гледаме дека секој ден се изигрувале законите на разно разни начини и се однесувале како да се богови.

За ова одговорност мора да има и парите мора да бидат вратени кај граѓаните. Сите оние кои што се огрешиле пред законот и работеле против законски во СЈО треба да одговараат.

Прес-конференција на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Во Јагодина ќе се одржи првиот собир на новото движење на Вучиќ

Првиот собир на движењето, чие формирање претходно го најави српскиот претседател Александар Вучиќ, ќе се одржи в петок, 24 јануари во Јагодина, јави српската агенција БЕТА.

Вучиќ на социјалните мрежи најави дека ќе биде поведена кампања на разговори и претставување на луѓето кои ќе го сочинуваат движењето.

- Ќе има многу тешки обврски и многу важни работи за Србија во Давос, но со нетрпение очекувам да разговарам со граѓаните на Србија, веднаш по моето враќање од Швајцарија. Прва голема средба и ги поканувам луѓето од Поморавље и Шумадија во Јагодина, в петок на 24 јануари, претпоставувам во 17 часот. Повелете и едвај чекам да се видиме, наведе Вучиќ.

Вонреден инспекциски надзор во прилепската болница по смртта на новороденчињата близначиња

Директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Кирил Лазов потврди дека издал налог за вонреден инспекциски надзор во прилепската болница за случајот со двете новороденчиња близначиња кои починаа пред четири дена.

-Издадов налог и денеска ќе се изврши вонреден инспекциски надзор во болницата. Ќе се проверува сета документација врзана со новороденчињата. Се надевам дека во текот на утрешниот ден ќе имаме извештај за надзорот на инспекторатот, рече Лазов.

Јавниот обвинител при прилепското основно јавно обвинителство Стевчо Биноски ја побарал документацијата од болницата и од службата на Итната помош која интервенирала во семејниот дом во прилепското село Славеј од каде било пријавено дека бебињата се во тешка здравствена состојба и била побарана лекарска помош.

-Се чека наодот од обдукцијата на бебињата. Ја очекувам и медицинската документација од болницата и од службата за итна помош за потоа да побарам искази, рече Биноски.

Од Центарот засоцијални работи информираа дека нивна екипа и денеска го посетила семејниот дом на младите родители во Славеј за да видат во какви услови е домаќинството каде сега се другите три деца на младата брачна двојка.

Бебињата, машко и женско се родиле на 30 декември во прилепската болница како недоносени, во 34 гестациска недела и со тежина помала од два килограми. Како што информираа од Болницата, на 10 јануари мајката, на своја одговорност, заминала со бебињата од болницата кои биле во добра општа состојба. Во четвртокот родителите повикале Итна помош зашто бебињата биле во тешка здравствена состојба. Едното бебе, машко, починало во домот, а другото во прилепската болница. Лекарите се обидувале да го реанимираат и да го затоплат, но безуспешно.

-На 16 јануари во 10,45 часот, на одделот за детски болести е донесено женското новороденче во тешка здравствена состојба како резултат на премрзнување. Според достапните информации, машкото новороденче е претходно починато дома од истата причина. По приемот на женското новороденче, веднаш е преземена интензивна медицинска интервенција. Извршена е реанимација, новороденчето е интубирано, поставено во топли ќебина и применети се дополнителни мерки за затоплување. И покрај сите преземени обиди од страна на медицинскиот персонал, состојбата продолжи да се влошува. Во 13 часот, за жал, е констатирана смртта на женското новороденче, известија во петокот од Болницата за трагичниот случај.

Извештајот од вонредниот инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе го очекува и основното јавно обвинителство.

Русин со лажен пасош украл 190.000 евра од туѓа сметка

 Во Санкт Петербург, Русија, уапсен е маж осомничен дека украл 20 милиони рубљи (околу 190.000 евра) од сметка во Москва, со лажен пасош, соопшти денеска портпаролката на руското Министерство за внатрешни работи, Ирина Волк.

„Осомничениот ја искористил својата физичка сличност со сопственикот на сметката за да украде пари... Осомничениот прво извадил лажен пасош со своја фотографија и туѓите лични податоци, а потоа од мобилниот оператор на кого му го покажал лажниот документ побарал дупликат од СИМ-картичката што наводно ја изгубил“, напиша Волк на „Телеграм“.

Според наводите, против уапсениот е поведена кривична постапка.

Таа посочи дека осомничениот потоа користел мобилна апликација за да ги добие потребните информации за банкарските сметки и од нив подигнал околу 20 милиони рубљи. Потоа, се наведува, им ги испраќал парите на своите соучесници.

притисни ентер