Черних: Да се врши сеизмички мониторинг на сите брани во државата

 Стопанската комора за енергетика иницира да се врши сеизмички мониторинг на сите брани во државава со цел да се намали сеизмичкиот ризик. 

Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје, кои вршат таков мониторинг само на браната Козјак, сметаат дека ова прашање треба се регулира со закон.

Со меморандумот за соработка што го потпишаа денеска првите луѓе на Стопанската комора за енергетика на Македонија и на Сеизмолошката опсерваторија во рамки на 4. Меѓународна конференција за енергетика, треба да се поттикнат активности за сеизмички мониторинг на браните на територијата на државава.

– Сеизмички мониторинг на индуцираната сеизмичност, бидејќи знаеме дека со секоја акумулација се променува режимот на тектонските напрегања во околината и можност за појава на индуцирани земјотреси или крајно за појавување земјотреси таму каде што досега немало или пак појавување раседи или тригерирање на земјотреси во постоечките раседи. Значи, да се овозможи заштита, да се намали сеизмичкиот ризик и да се заштити околината и населението од таквите можни случаи, изјави Драгана Черних, директор на Сеизмолошката опсерваторија, која на конференцијата зборуваше за земјотресите како можен проблем при пукање на брани и поплави на населени места.

Како што информира Черних, повеќе од 10 години прават саеизмички мониторинг само на езерото Козјак, каде имаат три сеизмолошки станици. – Анализата за тоа што се променило во споредба со периодот од пред браната покажува дека се зголемил бројот на слаби земјотреси коишто се наоѓаат во непосредна близина до езерото во радиус од 10 до 20 километри од сеизмолошките станици. Но, како што знаеме, подготовката на земјотресот не е брза, не е од денес за утре, туку таа може да трае повеќе години. Така што, мора да имате некаков мониторинг, набљудување и податоци за одредено подрачје за да можете да направите анализа и да знаете што може да очекувате, изјави Черних.

Таа вели дека нема увид за останатите брани и оти е неопходно со закон да се уреди обврската за сеимички мониторинг. Со тоа ќе се зголеми бројот на сеизмолошки станици, ќе се подобри мрежата и анализата на сите податоци, бидејќи ќе имаме поквалитетни податоци кои ќе може да дадат посериозна анализа затоа што е различно да имате податоци од пет и од 30 мерни станици, укажува Черних.

Потсетува на општото правило во сеизмологијата дека таму каде што имало земјтреси ќе има повторно и порачува не можеме да се заштитиме на друг начин освен објектите што ги градиме да бидат направени така за да го издржат дејството на земјотресот. Тогаш ќе бидеме заштитени и нема да дојде до загуба на човечки животи и материјална штета.

Ѓорѓи Манасков, претседател на Стопанската комора за енергетика, потенцираше дека мерењата се многу важни за да се намалат ризиците од пукање на браните.

– Со самото глобално затоплување во светот ќе дојде до покачување на нивото на водата, а тие водени плочи ќе ги натиснат земјините плочки и ќе почне нестабилност на земјината структура, каде што браните стануваат потенцијален проблем. Доаѓа до можност за пукање и затоа мора да се вршат мерењата што се многу важни за една земја да знаеме што точно се случува на тлото на нашата држава за да не дојде до пукање, изјави Манасков.

Како проблем тој го потенцира и фактот дека општините ги немаат потребните елаборати на кои се обврзани со член 126 од Законот за брани. Обрзани се да водат детална евиденција за поплави на населението и за евакуација и реакција во таков случај.

На конференцијата се дебатира и на темите „Економската и енергетската финансиска стабилност во државата", „Инженерските активности во енергетиката", „Животната средина во енергетиката-проблеми и решавање", „Големите брани и поволности"…/МИА.

Тренерот на Порто доби отказ по само шест месеци на позицијата

Порто го отпушти тренерот Витор Бруно, објави португалскиот клуб по двата порази од Национал и Жил Висенте, а двократниот освојувач на Лигата на шампионите е трет во табелата во локалната лига по 18 натпревари.

Бруно беше назначен во јуни 2024 година, потпишувајќи двегодишен договор, кога го замени Серхио Консеиао, кој си замина по седум сезони во кои освои 11 титули, вклучувајќи три титули во португалската лига.

Односот на Бруно со играчите се влоши откако Порто испадна од Лига купот по поразот од Спортинг со 1-0 во полуфиналето, а играчот од средниот ред, Пепе го критикуваше тренерот на социјалните мрежи.

Порто, една од 32-те екипи кои се квалификуваа за проширеното Светско клупско првенство во 2025 година, што ќе се одржи во САД од 15 јуни до 13 јули, ќе се соочи со Олимпијакос во четврток во натпревар од Лигата на Европа.

Украина планира советувалишта за бегалците кои сакаат да се вратат дома

 Украина сака да ги зголеми напорите да ги убеди бегалците во Германија да се вратат, а украинската влада планира советувалишта за бегалците кои сакаат да се вратат во Украина, изјави денеска украинскиот вицепремиер, Олексеј Чернишов.

-Голем број бегалци во Германија сериозно планираат да се вратат во Украина и ние мора да им помогнеме во тоа, изјави Олексеј Чернишов за германските медиуми.

Чернишов, кој го предводи новоформираното Министерство за враќање на бегалците, минатата недела беше во Берлин подготвувајќи се да изгради центри каде што украинските бегалци во Германија би можеле да добијат совети и помош при враќањето во Украина.

Тој објасни дека Украина страда од недостиг од војници, како и од работна сила во важни сектори. „Ситуацијата е особено критична во енергетскиот сектор, воената индустрија и градежништвото“, рече Чернишов.

Тој им рече на регрутите дека ќе бидат ослободени од воена служба доколку се стават на располагање на еден од секторите со дефицит. „Секој што работи во електраната нема да биде регрутиран. Тоа е загарантирано“, изјави украинскиот вицепремиер.

Според него, центрите ќе даваат поддршка и за оние кои не сакаат да се вратат во Украина, а се невработени во Германија.

Од почетокот на руската агресија врз оваа земја во Германија пристигнале 1,1 милион бегалци од Украина.

Неодамна во Германија се засили дебатата за нивниот статус. Водечката Христијанско-демократска унија ЦДУ/ЦСУ постојано бараше да се намали државната помош за украинските бегалци.

Наполи во финални преговори за Гарначо

 Директорите на Наполи наскоро ќе се сретнат со своите колеги од Манчестер Јунајтед за трансферот на Алехандро Гарначо, пишува „Кориере дело Спорт“.

„Црвените ѓаволи“ ќе патуваат во Италија, каде што ќе преговараат за Патрик Доргу од Лече.

Според изданието, деновиве ќе има вести за договорот со Гарначо.

Наполи веќе понуди околу 50 милиони евра за Аргентинецот и се верува дека конечната понуда би можела да достигне 60 милиони. Се шпекулира дека од Манчестер Јунајтед бараат 80 милиони евра.

Гарначо (20) веќе ги договорил личните услови со Италијанците и се чека само одлуката на „црвените ѓаволи“.

Аргентинецот се гледа како наследник на Хвича Кварацхелија, кој се пресели во ПСЖ.

притисни ентер