Достапноста до книгите за лицата со оштетен вид води до подобро образование и социјалната интеграција

 Јавна расправа за Договорот од Маракеш, со кој се олеснува пристапот до објавени дела за лицата кои се слепи, имаат оштетен вид или на друг начин се оневозможени да користат печатени материјали.

Расправата се одржа во организација на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост при Владата и Министерството за култура.

Во фокусот на дискусијата, како што информира денеска владината прес-служба, беше значењето на Договорот од Маракеш за слепите лица и за лицата со оштетен вид, бидејќи преку овозможување достапност до книгите, списанијата и до едукативни материјали во соодветен формат ќе се унапреди образованието, нивниот професионален развој, ќе се подобри и нивната социјална интеграција и културно учество.

На настанот на кој беа присутни претставници од издавачките куќи, од Здружението за заштита на авторски музички права, од библиотеките, како и слепи лица и членови на Националниот сојуз на слепи лица, се обратија Спасе Додевски, претседавач со Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, Валмир Азири, државен секретар во министерството за култура, Фризим Даути, директор на НУБ „Св. Климент Охридски"- Скопје, Афет Јашари, од министерството за култура и Стерја Димов, генерален секретар во Националниот сојуз на слепи лица.

На јавната расправа се дискутираше и за предлог измените и дополнувањата на Законот за авторското право и сродните права, кој треба да се хармонизира согласно одредбите во Договорот од Маракеш.

На 27 јуни 2013 година, на Дипломатската конференција во Маракеш, од земјите-членки на Светската организација за интелектуална сопственост, беше усвоен Договорот од Маракеш за олеснување на пристапот до објавени дела за лицата кои се слепи, имаат оштетен вид или на друг начин оневозможени да користат печатени материјали („Договорот од Маракеш").

Договорот од Маракеш бара од договорните страни да се обезбеди ограничување или исклучок од авторско право, со цел да им се овозможи на „корисниците" или „овластените субјекти" изработка на примерок на дело во достапен формат (во електронска верзија, аудио верзија или на Брајово писмо) за лицата со потешкотии при пристап до печатените дела и да се олесни прекуграничната размена на оние достапни примероци создадени во согласност со ограничувањата и исклучоците на Договорот од Маракеш, односно во согласност со законот.

Затоа, од секоја земја што го ратификува Договорот од Маракеш се бара да воведе едно или повеќе ограничувања или исклучоци за авторско право.

Според податоците со кои располага Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO) во светот има околу 300 милиони слепи и лица со оштетен вид. Организациите на слепите проценуваат дека во развиените земји само околу 7 отсто од сите објавени книги се произведени во формати достапни за лицата кои се слепи, имаат оштетен вид или на друг начин оневозможени да користат печатени материјали. Во земјите во развој, ситуацијата е уште полоша бидејќи проценетиот број книги во достапен формат е само околу 1 отсто.

Тошковски: Изборниот ден помина во мирна и демократска атмосфера

Изјава за медиуми на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

Ужас во Германија: Четири девојчиња со часови злоставувале глуво девојче во подрум

Криминалистичката полиција во Дрезден спроведе истрага против четири девојчиња на возраст од 12 до 17 години поради сомнение дека злоставувале 13-годишно глуво девојче.

Според германските медиуми, осомничените се државјанки на Украина, кои дошле во Германија кога започнала војната во нивната земја, објави Билд.

Тие се товарат за „противправно лишување од слобода на лице и нанесување тешка телесна повреда“, изјави портпаролот на полицијата Марко Ласке.

Злосторството се случило во близина на парк во Мајсен, во близина на светски познатата фабрика за порцелан во Мајсен. Паркот има игралиште, споменик на жртвите на фашизмот и клупа, а таму често престојуваат голем број луѓе.

Четири девојчиња се осомничени дека во саботата наутро во паркот пресретнале глуво девојче (13) од Словачка, кое минувало низ паркот.

Девојчето поради глувоста не можела да се договори со нив, по што следел ужасот.

„Девојките се осомничени дека го однеле детето во подрумот на блиската опустошена зграда спроти паркот. Таму ја врзале и ја мачеле неколку часа“, изјавил портпаролот на полицијата.

Се претпоставува дека девојчињата цело време го тепале детето, а наводно ѝ нанеле повреди со дрвени и метални шипки.

Глувото девојче го ослободиле дури околу 14 часот, кога успеало да избега. Детето истрчало директно во полиција, а при преглед лекарите констатирале физички повреди.

Девојките биле фатени во близина на местото на злосторството, а полицијата им ги одзела телефоните за да провери дали го снимале нападот.

Мотивот за ваквото брутално насилство не е познат. Жртвата не била ограбена.

Полицијата соопшти дека истрагата се уште е во тек.

(НОВО) ВМРО-ДПМНЕ: Силјановска –Давкова 44,63%, Пендаровски 19,13 % од гласовите

Според аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ, на 20,53% од обработените гласови Гордана Силјановска- Давкова има освоено 44,63 проценти од гласовите или 66 482 гласа.

Стево Пендаровски освоил 19.13% од гласовите или 28 490, Бујар Османи 13 ,04% или 19420 , Арбен Таравари 8,53 од гласовите или 12707 , Максим Димитриевски 7,27% или 10831 глас, Билјана Ванковска 4,14 или 6165 гласа , Стевчо Јакимовски 0,79 проценти или 1174 гласа.

притисни ентер