Дводневната симулациска вежба за справување со африканска свинска чума

Како дел од вежбата формиран беше и Локален центар за контрола на болеста, како тело кое раководи со спроведувањето на плановите за итни мерки.

Планот за итни мерки на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за справување со болеста африканска свинска чума, обезбедува висок степен на заштита и спречување на ширење на болеста, заклучија денес експертите на Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации (ФАО), по завршувањето на дводневната симулациска вежба што се одржа во Беровско, а на која се проверуваше функционалноста на Планот и координираноста на институциите и протокот на информации за да се одговори брзо и правилно при евентуална појава на болеста.

– Официјални ветеринари од Агенцијата за храна и ветеринарство, претставници од Факултетот за ветеринарна медицина и од ветеринарните друштва, со помош на експертите од ФАО спроведоа вежби во индивидуално одгледувалиште во село Русиново, во комерцијална фарма во село Умлена и во ловиште. Како дел од вежбата формиран беше и Локален центар за контрола на болеста, како тело кое раководи со спроведувањето на плановите за итни мерки, и постапува во услови на итна кризна или вонредна состојба кога е загрозено здравјето и благосостојбата на животните на локално ниво. Негова функција е и воспоставување на ефикасна комуникација со Националниот центар за контрола на болести во услови на потврда на присуство на болест, се наведува во соопштението на АХВ.

Агенцијата посочува дека учесниците во вежбата поделени во четири тимови, во изминативе два дена, практично ги спроведувале чекорите кои се преземаат при појава на сомнеж и при потврда на присуство на болеста африканска свинска чума.

– Беа вежбани начините на влез во сомнително одгледувалиште, клинички и патолошки преглед на свињи и препознавање на симптомите, земање на примероци за лабораториско испитување, биосигурносни мерки кои се спроведуваат во одгледувалиштата и ловиштата и начинот на постапување по лабораториско потврдување на присуство на болеста. Во рамки на вежбата практично беа објаснети и процедурите за убивање на животните и нивно нештетно отстранување, за чистење и дезинфекција, како и планот за искоренување на болеста кај дивите свињи, се додава во соопштението.

Експертските тимови акцент ставиле и на комуникацијата со Локалниот центар за контрола на болести, кој за потребите на симулациската вежба бил позициониран во Берово.

– Симулациската (практична) вежба, се реализира како планирана активност на АХВ во соработка со проектот „Африканска чума кај свињите – подготвеност и брзо постапување", како дел од активностите на ФАО за помош на земјите од Балканот за зајакнување на национлните капацитети со цел соодветно да одговорат на можна појава на болеста африканска свинска чума, се наведува во соопштението на Агенција за храна и ветеринарство.

Какво политичко претставување ќе има во предизборието за двојните избори?

Фер, демократска и позитивна или негативна кампања со оцрнување на спротивниот табор – какво политичко претставување ќе има во предизборието за двојните избори од денеска па се до 6ти мај?

Политичките аналитичари оценуваат дека претстои засилување на реториката меѓу партиите кои паралелно ќе се борат за глас повеќе за парламентарните избори, како и за нивните претседателски кандидати.

Атанасовски и Фаризи сметаат дека поклопувањето на двете кампањи создава конфузија, со оглед на тоа што од самиот почеток фокусот е само на политиките на партиите.

Дел од политичките партии вчера ставија потпис на кодексот за фер избори, додека пак дел од нив одбија да го сторат тоа со став дека изборниот систем не нуди услови за фер изборна трка.

За разлика од досегашната пракса, според информациите од ДИК оваа кампања ќе се издвојува со тоа што и покрај молкот за претседателските избори, на 23 април ќе продолжи кампањата за парламентарните избори.

Силјановска-Давкова со преставка за дискриминација и навреди од Пендаровски

Силјановска-Давкова со преставка за дискриминација и навреди од Пендаровски и лица во неговата кампања.

Од штабот на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори Гордана Силјановска-Давкова соопштија дека поднеле нова преставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ националниот демократски институт и хелсиншкиот комитет за човекови права.

Во преставката, како што се истакнува во соопштението, се констатира дека и покрај потпишаниот кодекс за фер и демократски избори во периодот од 10 до 14 април 2024 година различни лица вклучени во неговата кампања, вклучително и самиот кандидат стево пендаровски, го кршат кодексот и предизвикуваат вознемирување и повреда на личното достоинство на гордана силјановска-давкова, во согласност со член 10 став 1 од законот за спречување и заштита од дискриминација – велат од нејзиниот штаб, и додаваат... „Навредите и говорот на омраза и јавното демонстрирање на мизогинија се користат на митинзи и на други јавни настапи со цел да се влијае врз јавното мислење и да се предизвикаат реакции на исмејување од страна на присутните граѓани во толпата. Сето ова води кон поттикнување и охрабрување дискриминација и сексизам. – стои меѓудругото во соопштението

Доживотен затвор доби мажот кој со 40 пати со нож избоде жена во Кочани

Доживотна затворска казна му изрече Основниот суд во Оочани на 59 годишниот кочанчанец кој лани во септември ја уби 46 годишната сограѓанка.

Тој пред судот признал вина а обвинтелството го товареше за убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин. Од обвинителството информираат дека со обвинението на товар му се ставало и кривично дело уцена, што било сторено пред убиството, но обвинетиот не го признал делото и постапката за тој дел е раздвоена и ќе се води понатаму. Убиството се случи на 25 септември лани пред домот на убиената кога по кратка расправија обвинетиот со нож и нанел 40 убодни рани при што жената веднаш починала.

притисни ентер