Арсовски: Сите обвинители и истражителите од СЈО кои цицале народни пари да си дадат оставки

Сите обвинители и истражителите од СЈО кои биле дел од злосторничкото здружение и кои цицале народни пари да си дадат оставки за да не ја попречуваат истрагата за парите, а тоа се пари на граѓаните, рече Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ. 

Одговорност за украдените милиони евра мора да има. Доколку не си поднесат оставки, Јавниот обвинител кој ја спроведува истрагата треба да побара истите да бидат суспендирани се до завршување на истата истрага.

Јавните обвинители и истражителите кои биле дел од злосторничкото здружение и Катица Јанева заедно со нив, многу добро ги знаеле законите и затоа се сомневаме дека свесно влегле во незаконското делење на народните пари и молчеле за огромните додатоци.

Имено, законите се јасни. Катица Јанева можела да добива плата во висина од 90% од платата на Републичкиот јавен обвинител, а нејзините соработници и таа, не смееле да имаат додатоци повисоки од 35% од платата. За жал гледаме дека милиони евра се делеле без никаков основ и без никакви критериуми. Што значи дека сите таму во СЈО свесно го кршеле законот, мислејќи дека никој нема да побара одговорност од нив.

Обвинителството има обврска да ги замрзне нивните работни места за да не влијаат во текот на истрагата, и тоа мора да го стори уште веднаш.

Злосторничкото здружение наречено СЈО, а составено од блиски луѓе на СДСМ и Заев кои рекетираа и трошеа наши народни пари на граѓаните, за плати, хонорари и додатоци околу нив потрошиле неколку милиони евра.

Без никаква основа се делеле хонорари на обвинители, на роднини, на роднините на функционерите вработени од СДСМ во СЈО, и на многу други функционери на СДСМ од власта.

Платите на обвинителите во СЈО биле многу повисоки од платите на обвинителите во Јавното обвинителство иако како што рековме по закон тоа не смее да се случи.

Замислете, се јави за повикан да реагира за земените 40.000 евра од СЈО командантот на единицата Алфи од МВР, Примислав Димовски.

Примислав Димовски наместо да дава емотивни и срцепарателни изјави за неговата работа во СЈО и за земените 40.000 евра народни пари нормално, надвор од платата, може да одговори на неколку прашања поврзани со случајот „Рекет“, во кој што е вмешано и СЈО?

Дали Примислав Димовски даде изјава во случајот „Рекет“?

Дали Примислав Димовски одговори на тврдењата и на медиумските написи кој од единицата Алфи разговарал со Боки 13 по земањето на парите?

Наместо да говори за земените 40.000 евра, ова е негова одговорност да одговори.

На пример, петтата управа во МВР и во ОТА има оддел за прислушување и следење каде што вработените се подложни на таа доверливост за која што земале пари обвинителите и истражителите во СЈО, согласно работата која што ја работат тие луѓе, а сепак немаат никаков додаток за доверливост кој што би го земале исто како што земале овие од СЈО. Исто како и докторите кои исто така располагаат со сензибилни информации за здравјето на граѓаните и тие не земаат никаков додаток за доверливост напротив нивните плати се десетина пати пониски од оние на СЈО.

Правна држава мора да има. Одговорност за милионските проневери мора да има и мора некој да одговара и да сноси одговорност, се работи за парите на граѓаните, се работи за парите кои што ги имаат дадено сите граѓани на Република Македонија за да функционира СЈО. Наместо тоа гледаме дека рекетирале, уценувале и цеделе државни пари. По 12-ти април следува обнова на Македонија и ќе почне одново да се гради правната држава во Република Македонија. Веднаш потоа одговорност за сите криминалии на актуелната власт на СДСМ, на функционерите, на СЈО ќе има и мора да има.

Украина планира советувалишта за бегалците кои сакаат да се вратат дома

 Украина сака да ги зголеми напорите да ги убеди бегалците во Германија да се вратат, а украинската влада планира советувалишта за бегалците кои сакаат да се вратат во Украина, изјави денеска украинскиот вицепремиер, Олексеј Чернишов.

-Голем број бегалци во Германија сериозно планираат да се вратат во Украина и ние мора да им помогнеме во тоа, изјави Олексеј Чернишов за германските медиуми.

Чернишов, кој го предводи новоформираното Министерство за враќање на бегалците, минатата недела беше во Берлин подготвувајќи се да изгради центри каде што украинските бегалци во Германија би можеле да добијат совети и помош при враќањето во Украина.

Тој објасни дека Украина страда од недостиг од војници, како и од работна сила во важни сектори. „Ситуацијата е особено критична во енергетскиот сектор, воената индустрија и градежништвото“, рече Чернишов.

Тој им рече на регрутите дека ќе бидат ослободени од воена служба доколку се стават на располагање на еден од секторите со дефицит. „Секој што работи во електраната нема да биде регрутиран. Тоа е загарантирано“, изјави украинскиот вицепремиер.

Според него, центрите ќе даваат поддршка и за оние кои не сакаат да се вратат во Украина, а се невработени во Германија.

Од почетокот на руската агресија врз оваа земја во Германија пристигнале 1,1 милион бегалци од Украина.

Неодамна во Германија се засили дебатата за нивниот статус. Водечката Христијанско-демократска унија ЦДУ/ЦСУ постојано бараше да се намали државната помош за украинските бегалци.

Наполи во финални преговори за Гарначо

 Директорите на Наполи наскоро ќе се сретнат со своите колеги од Манчестер Јунајтед за трансферот на Алехандро Гарначо, пишува „Кориере дело Спорт“.

„Црвените ѓаволи“ ќе патуваат во Италија, каде што ќе преговараат за Патрик Доргу од Лече.

Според изданието, деновиве ќе има вести за договорот со Гарначо.

Наполи веќе понуди околу 50 милиони евра за Аргентинецот и се верува дека конечната понуда би можела да достигне 60 милиони. Се шпекулира дека од Манчестер Јунајтед бараат 80 милиони евра.

Гарначо (20) веќе ги договорил личните услови со Италијанците и се чека само одлуката на „црвените ѓаволи“.

Аргентинецот се гледа како наследник на Хвича Кварацхелија, кој се пресели во ПСЖ.

Охриѓани доследни на традицијата, со музика, топла ракија, плашици одбележан Денот на рибарите

Богојавленските празници во Охрид се меѓу најпочитуваните денови од православниот календар. 

И оваа година охриѓани се собраа на Сараиште за со песна, топла ракија, пржени плашици да го прослават празникот Собор на Свети Јовен Крстител, низ народот познат и како Денот на рибарите, како потсетување на традицијата на капење на рибарите на денот кога се означувал крајот на мрестот на пастрмката и почетокот на сезоната на стопански риболов.

Со оглед на забраната за риболов во поново време Денот на рибарите се одбележува со капење на православните верници од градот, секогаш предводени од тајфата на оној што ќе го фати Чесниот крст. Оваа, како и пред три години, тоа беше дружината на Мартин Гоџоски.

Организацијата на манифестацијата и за Денот на рибарите веќе неколку години е на Локалната самоуправа заедно со Дебарско-кичевската епархија, а во насока на нејзино збогатување што ги придонеле за што поголема масовност и посетеност на гости во градот за празникот Богојавленски водосвет.

Инаку, празнувањето на Богојавленскиот водосвет во Охрид е една од најмасовните црковно-верски манифестации во овој дел од православието, како според бројот посетители на чинот на осветувањето на водите на Охридското Езеро, така и по бројот верници и гости кои влегуваат во студените езерски води за да го фатат Светиот крст.

притисни ентер