ГАЛИЧКИ КОМАД

РЕЦЕПТ НА МАСЛИНА СОФРОНИЕВСКА

Потребни состојки :  1 кг. брашно, малку сол, малку шеќер, малку масло, малку квасец, малку претходно замесено тесто, 1 страк праз, 1 зелена пиперка, 1 зелен домат и малку кечап.

Постапка:

Во поголем сад со брашно се додава малку : сол, шеќер, квасец, масло и претходно замесено тесто.

Откако тестото добро ќе се измеси се остава да отстои 20 – тина минути.

Во поголема тава  премачкана со масло се редат 5 кори и се премачкуваат со масло.

          Додека корите отстојуваат, во тава со загреано масло се пропржува зачинет праз со малку сол.

          Во тавата се додаваат: малку кечап, сечкана пиперка и сечкан зелен домат и се продолжува со пржењето.

          Откако ќе се испржи зеленчукот се става врз петтата кора.

          Врз него се редат 3 кори премачкани со масло и краевите се подвиткуваат.

          Се пече во загреана рерна околу половина час.

притисни ентер