СДСМ: Цената на електричната енергија беше најскапа во времето на Мицкоски, од 2018 година е намалена и непроменета

СДСМ како одговорна партија ги исполнува ветувањата и со своите енегетски политики успеа да ја намали цената на електричната енергија  и да ја одржува на стабилно ниво, соопштуваат од партијата.

СДСМ како одговорна партија ги исполнува ветувањата и со своите енегетски политики успеа да ја намали цената на електричната енергија и да ја одржува на стабилно ниво, за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ, кога граѓаните плаќаа убедливо најскапа струја.

Во 2006 година еден киловат час електрична енергија чинел 2,37 денари, додека во 2016 година цената е убедливо највисока и изнесува 4,28 денари, во 2017 е незначително пониска – 4,27 денари. Тоа значи дека граѓаните плаќале најскапа струја токму во времето на Мицкоски, како директор на АД ЕСМ.

Во 2018 година цената е намалена на 4,08 денари и останува стабилна и во 2019 година. Граѓаните го гледаат и чувствуваат ова на своите сметки.

Мицковски, е единствениот директор во историјата на Електрани на Северна Македонија, во чие време ниту се градел, ниту бил во тендерска постапка барем еден енергетски капацитет, но затоа оставил договори и тендерски постапки, во висина од неверојатни 94 милиони евра за изградба на Рајски градини, барокни згради и фасади, катни гаражи, конгресни центри, тениски игралишта и слични фантазии.

Денеска, Електрани на Северна Македонија има на сметките преку 80 милиони евра, пари со кои се гради чиста и сигурна иднина на Северна Македонија, а не нечија фантазија.

Дури и во „фактите", изнесени од Мицковски, јасно се гледа, дека производството на ЕЛЕМ драматично паѓа од 2013 година па наваму. Убедливо, најмало производство на струја Електрани на Северна Македонија оствариле токму во 2017 година. Во 2018 година производството е зголемено за 45 GWh, а нагорниот тренд продолжува и во 2019.

Во текот на 2018 и 2019 година, Електрани на Северна Македонија не набави ниту еден мегават час електрична енергија, а на слободниот пазар продаде вишоци, во вредност од 40 милиони евра, за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ, кога државата беше зависна од увоз на скапа струја.

Ова се фактите кои го потврдуваат расипничкиот и неодговорен однос на Мицкоски и ги демантираат сите негови лаги.Сите факти говорат дека реформите на СДСМ во енергетиката се шампионски и се на прав пат, колку и тоа да е несфатливо и неприфатливо за Мицкоски.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Мик Џегер објави снимка како танцува, сите му се смеат (ВИДЕО)

Мик Џегер на својот Инстаграм профил објави урнебесно видео од ноќно излегување.

Во видеото, Мик танцува пред публиката на Mustique Blues Festival на Карибите додека бендот го свири хитот на Maroon 5 - Moves Like Jagger.

За песната Џегер реши на сите да им ги покаже своите танцови потези. Додека музичарот се фрла околу подиумот за танцување и скока, лицето што го снима се смее, а потоа Мик прснува од смеа.

Тоа видео насмеа многу негови следбеници. За помалку од еден ден Мик собра 160 илјади лајкови.

„Кој те натера да го направиш ова“, „Замисли Мик Џегер лежерно танцува во публика додека играш“, „Никој не танцува како Џегер“, „Те обожавам“, „Умирам од смеа“, „Никогаш не би кажале дека имаш 80 години“, се дел од коментарите.

Мик никогаш не криел дека е обожавател на големиот хит уште од неговото појавување. "Посакувам да ја напишав. Но, тоа би било малку чудно, нели? Тоа не е типична песна на Maroon 5, па тие веројатно се изненадени од нејзиниот успех како и јас. Тоа е многу привлечно. Единственото нешто дали ме тера да сакам да танцувам кога ќе го слушнам тоа“, рече Мик претходно.

Франција се подготвува за за закана од тероризам на Олимписките игри во Париз

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен денеска се сретна со разузнавачките служби на земјата за да ја проценат заканата од тероризам на Олимписките игри (ОИ) во Париз, кои ќе се одржат од 26 јули до 11 август годинава.

Најважно е обезбедувањето на свеченото отворање на ОИ на 26 јули, кога флота од 94 чамци, на кои илјадници спортисти ќе ги држат знамињата на своите земји, ќе плови шест километри по Сена, пишува Гардијан.

Таа ќе биде придружувано од втора флота од 80 чамци со членови на медиумите и обезбедувањето, додека околу 222.000 луѓе ќе се соберат покрај реката, а уште 200.000 ќе ја следат церемонијата од зградите.

Воздушниот простор во радиус од 150 километри околу Париз ќе биде затворен за време на церемонијата поради потенцијален напад со беспилотно летало, а ќе бидат мобилизирани повеќе од 45.000 полицајци, многу од нив на покривите со снајперисти и во чамци.

Дарманен изјави дека Франција е секогаш под закана, особено за време на големи настани, бидејќи „ги брани универзалните вредности и секуларизмот“ и дека има „многу ефикасен разузнавачки систем.

„Речиси секој месец ги запираме заговорите во развојот“, рече францускиот министер.

Според истражувањето за француската телевизија BFMTV, 80 отсто од Французите се загрижени за тероризмот, 59 отсто се оптимисти дека нивната земја успешно ќе ја зачува безбедноста за време на Олимпијадата, додека 57 отсто поддржуваат одржување на свеченото отворање на отворено.

Во БиХ уапсени тројца мажи- барале 25.000 евра за да дадат информации за Данка: Се шегувавме

Трет ден од потрагата по малата Данка, двегодишното девојче кое исчезна во вторникот околу 13.45 часот во приградската населба Бањско Поље, во близина на градот Бор, во источна Србија.

Мајката раскажала како Данка исчезнала од дворот на семејната куќа додека одела да му даде вода на постарото дете. Родителите биле сослушани во полиција, а мобилниот телефон на мајката е одземен.

Вчера околу 17:30 часот полицијата го прекина пребарувањето на теренот. „Сите досегашни резултати укажуваат дека девојчето не е на овој простор од околу 10 квадратни километри“, соопшти полицијата.

Според последните информации, родителите на Данка и денеска цел ден биле во полиција на распит. Полицијата вчера ги разделила и спиеле во различни куќи. Багери, полицајци и пожарникари пристигнаа околу куќата каде исчезна девојчето, сечеа дрвја околу куќата и го исчистија просторот и копаат. Досега полицијата сослушала повеќе од 50 лица.

Вечерва се појави веста дека во Босна и Херцеговина се уапсени три лица. Според медиумите, тие на TikTok објавиле дека имаат информации за исчезнувањето на Данка и побарале пари во замена за тие информации. Тие се на распит.

Како што пренесува Klix.ba, Федералната полициска управа (ФУП) вечерва извршила молскавична акција за лоцирање и апсење на три лица од Хаџиќи поради нивните тврдења дека се поврзани со исчезнувањето на двегодишното девојче од Србија. Белградскиот Интерпол побарал апсење на три лица од областа на кантонот Сараево, кои тврделе дека знаат каде исчезнало девојчето и побарале 50.000 КМ за откривање на информациите.

Членовите на ФУП извршија брза акција, при што истражителите на Одделот за компјутерски криминал успешно ги лоцираа осомничените со помош на нивната IP адреса.

Сите биле уапсени, а била претресена и нивната околина при што било утврдено дека девојчето не е со нив. Во моментов трае кривичната истрага за Т.Б.(2002), М.Т.(2001) и З.Т.(1972), а се проверуваат нивните тврдења дека се поврзани со исчезнувањето на двегодишното девојче.

притисни ентер