Вандализирана статуата на Ибрахимовиќ во Малме : Предавник!

Златан Ибрахимовиќ на почетокот на октомври во родниот град Малме доби голема бронзена статуа од Шведската фудбалска федерација.

Најдобриот шведски фудбалер на сите времиња самиот го откри својот споменик , а на церемонијата имаше неколку илјади негови сограѓани.

Синоќа таа статуа е вандализирана. Некој закачил тоалетна даска на неа, а весдникот Експрес пишува дека овој потег е одмазда за предавството што го извршил Ибрахимовиќ, кога стана еден од сосопствениците на шведскиот Хамарби.

„Оваа недела претставниците на Хамарби се состанаа со АЕГ и Златан Ибрахимовиќ во Лос Анџелес. АЕГ го извести Хамарби дека на Ибрахимовиќ му продала половина од сопственоста на АЕГ во Шведска, што значи дека Ибрахимовиќ станува косопственик на Хамарби“, пишува клубот.

Многумина беа изненадени од овој потег на фудбалерот кој играше за шведскиот Малме од 1999 до 2001 година. Тој сега замина во редовите на ривалот во лигата, а навивачите на Малме му испратија одговор со овој потег.

Фетел одговори на прашањето дали се враќа во Формула 1

Себастијан Фетел го прекина молкот за гласините за неговото враќање од пензија за да го замени Луис Хамилтон во Мерцедес.

Четирикратниот светски шампион се прости од трките на крајот на 2022 година во автомобил на Астон Мартин за да помине повеќе време со семејството, но германскиот возач тогаш за можното враќање рече: „никогаш не треба да се каже никогаш“.

Откако Хамилтон во февруари објави дека ќе го напушти Мерцедес и ќе се пресели во Ферари од 2022 година, се шпекулираше дека Фетел ќе го замени, но…

-Сè уште сум заинтересиран и ги следам трките. Во моментов се случува многу - на и надвор од патеката. Но, за мене Формула 1 не е во фокусот во моментов. Кога заминував, реков дека никогаш не вели никогаш за враќањето, но намерата не ми беше да застанам и потоа да почнам повторно, изјави Фетел и со тоа ги демантираше гласините дека се враќа. /МИА

Тројца загинати во сообраќајна несреќа во Кичево

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа што денеска се случи на излезот од Кичево, во насока кон Скопје.

Според соопштението од СВР – Охрид, несреќата се случила утрово во 4:50 часот на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, кога се судриле патничко возило „Пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.И.(19) од Кичево и патничко возило „Фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.Е.(32) од кичевското село Трапчин Дол.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот К.Е. и неговиот сопатник А.С.(20) од село Трапчин Дол, додека возачот С.И. им подлегнал на повредите на пат кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, се здобиле 19-годишната Т.С. од Кичево, В.П.(21) од селото Подвис, кичевско, П.К.(21) од Кичево и еден малолетник од Кичево, сите сопатници во возилото „Пежо“.

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција.

Фото: Екс тенисерка која сега заработува на „OnlyFans“ во друштво на Ѓоковиќ

Најдобриот светски тенисер во друштво на сексапилна црнка.

Поранешната тенисерка, а денес инфлуенсер, Тамара Бојаниќ заработува огромни пари од фотографиите кои ги објавува на платформата за возрасни „OnlyFans“.

Провокативната Тамара сега се најде во центарот на вниманието на јавноста откако на социјалните мрежи објави фотографија со Новак Ѓоковиќ.

- Мојот сосед е подобар од твојот - изјави еднаш големата надеж на црногорскиот тенис.

Поранешната тенисерка и црногорска репрезентативка кариерата ја започна на 12 години, играше во Фед купот, а доби и тениска тренерска лиценца!

Сепак, беше јасно дека нема да живее од тенисот кога се повреди на 17 години.

Поранешната тенисерка и црногорска репрезентативка кариерата ја започна на 12 години, играше во Фед купот, а доби и тениска тренерска лиценца!

Но, потоа поради повреди ја заврши кариерата во белиот спорт и се вљуби во друга професија, многу поразлична од тенисерската.

Тамара реши да отвори профил на платформата за возрасни „ OnlyFans“ “, а не ни поима колку тоа ќе и го промени животот! Сега ужива во луксузот…


 
притисни ентер