Трет ден собраниска расправа за Предлог-буџетот за 2020

Трет ден денеска треба да продолжи собраниската расправа за Предлог-буџетот за 2020 година

Трет ден денеска треба да продолжи собраниската расправа за Предлог-буџетот за 2020 година. Расправата се одвива во Комисијата за финансирање и буџет, по што се очекува Предлог-буџетот да биде ставен на усвојување на пленарна седница.

Буџетот за наредната година е проектиран на 3,615 милијарди евра, а во фокусот ќе биде човечкиот капитал, односно подобар здравствен, образовен и социјален систем и силна поддршка за раст на реалниот сектор.

Капиталните инвестиции се на ниво од 23 милијарди денари, а 56 отсто од вкупните буџетски расходи ќе одат во области врз кои се потпира човечкиот капитал.

Проекциите во буџетот, според надлежните, се правени врз основа на предвиден раст за следната година од 3,8 отсто од БДП, кој се базира на растот на приватната потрошувачка, извозот и јавните и приватните инвестиции. Буџетскиот дефицит за 2020 година е определен на ниво од 2,3 отсто.

На текстот на Предлог-буџетот има поднесено околу 350 амандмани од кои 314 се од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека може да се прифати се што е добро и издржано, но не и, како што рече политиканство.

– Моите насоки до Министерството за финансии е за се што е добро и реално возможно прифаќајте, да се вградиме сите, Буџетот е на сите во државата. Така што тоа што е прифатливо да, а тоа што е апсолутно само политиканство, државата мора да го држи серозниот аспект на приходната и расходната страна заради сериозна реализација на Буџетот, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања. /МИА

„РејсингЊуз365“: Сајнц преговара со Мерцедес за договор 1+1

Возачот на Ферари, Карлос Сајнц може да потпише краткорочен договор со Мерцедес, пишува „RacingNews365“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.

Според изданието, 29-годишниот шпански возач во Формула 1 се уште не се договорил со германскиот тим да потпише договор. Сепак, страните всушност преговараат и разговараат за договор според шемата „1+1“.

Забележано е дека доколку договорот биде склучен, Мерцедес ќе има можност да го оцени својот помлад Кими Антонели во 2025 година и да одлучи дали е подготвен да го претставува тимот во сезоната 2026 година.

На почетокот на февруари, се дозна дека возачот на „Сребрените стрели“, Луис Хамилтон, ќе се приклучи на Ферари во 2025 година, каде што ќе го заземе местото на Сајнц. Во моментов, Шпанецот е на четвртото место во поединечниот поредок во Формула 1.

Герасимовски: Нов сквер со футуристичка инсталација ќе го разубави платото пред Општина Центар

Нов сквер ќе го разубави платото пред Општина Центар. Станува збор за поставување комунална урбана, т.н. „урбан атрактор“на платото на аголот од ул. „Михаил Цоков “ и ул. „Орце Николов“ пред Општина Центар. 

Оваа опрема има за цел да го збогати јавниот простор со урбана инсталација на платформи со неправилни облици, клупи, зеленило и паркинг за велосипеди. Градежните работи за ново планираната инсталација „урбан атрактор“ се започнати и тој ќе се протега на површина од 56 метри квадратни. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски вели дека новиот сквер ќе го оживее просторот и ќе биде ново збирно место за одмор и дружба.

„Мило ми е што Дебар Маало добива ново урбано катче за граѓаните. Урбаниот елемент на новиот сквер ќе има модерна конструкција, а во неа ќе има урбана опрема за релаксација и одмор на граѓаните од секојдневието. Ова ќе биде простор каде граѓаните ќе можат да одморат, да се социјализираат или да ги паркираат своите велосипеди додека ги завршуваат обврските во околината. Верувам дека ова футуристичко урбано издание ќе го збогати Центар и ќе биде позитивно препознаено од граѓаните“, вели Герасимовски“, вели Герасимовски.

„Урбаниот атрактор“ Општина Центар го добива како донација од Стопанска банка. Истиот ќе биде осветлен и ќе има информативна табла за корисниците на овој урбан елемент. Општина Центар ќе продолжи да работи на нови естетски уредувања и нови проекти за граѓаните.

Соработка и координација меѓу ЈО и Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи

Соработка и координација меѓу ЈО и Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти.

Можности за соработка и идна координација меѓу Јавното обвинителство и Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, беа темите на разговор на денешната средба меѓу двете институции претставени од Јавниот обвинител Љупчо Коцевски и претседателот на Комитетот Зоран Илиевски.

- Во таа насока беше договорено да отпочне постапката за усогласување и потпишување на меморандум меѓу Јавното обвинителство и Комитетот со кој ваквата соработка и начинот на постапување во иднина дополнително ќе се унапредат, информираат од ЈО.

притисни ентер