Пендаровски-Брнз: Членството во НАТО за Македонија важно и од безбедносен и од политички аспект

Членството на Македонија во НАТО е важно и од безбедносен, но и од политички аспект. 

Покрај осигурување на безбедна иднина и заедничко справување со модерните безбедносни закани, тоа значи и споделување заеднички вредности за чување на слободата, заедничкото наследство и цивилизацијата засновани на принципите на демократија, индивидуална слобода и владеење на правото, како и стабилни и демократски институции, порачаа претседателот Стево Пендаровски и американската амбасадорка во земјава Кејт Брнз.

Членството во НАТО за нас, рече Пендаровски предавањето на тема „Значењето од пристапот на Македонија во НАТО" на Универзитетот Американ колеџ-Скопје е важно затоа што како мала држава со ограничени ресурси за одбрана и безбедност, потребно ни е да бидеме дел од систем на колективна безбедност.

-На пример членот 5 од Северноатлантскиот договор гласи дека доколку една земја членка е нападната одговор ќе следи од сите. Ова значи дека како идна членка на НАТО нашата безбедност се гарантира од сите земји членки на Алијансата, рече Пендаровски.

НАТО членството, додаде, и овозможува на нашата армија да биде дел од глобален систем за одбрана во блиски односи и соработка со армиите на нашите партнери. Но, како што потенцира, тоа не значи само безбедност и воена обука, туку и развој, нов пазар на труд и нов пазар за нашите компании. Исто така, пососчи, НАТО има многу програми за јавна дипломатија за истражување и развој во кој може да учествуваат студенти и граѓанскиот сектор.

-Членството во НАТО значи и споделување исти вредности, бидејќи договорот за членство вели дека членките се обврзуваат да ги чуваат слободата, заедничкото наследство и цивилизацијата на народите засновани на принципите на демократија, индивидуална слобода и владеење на правото, истакна претседателот.

Со членството во Алијансата, според него, нема да исчезнат сите безбедносни ризици, бидејќи живееме во динамичен свет каде безбедносните закани се асиметрични и не може секогаш да се предвидат. Најдобриот начин за справување со современите безбедносни закани, потенцира, е колективната безбедност, затоа што тогаш не сме сами туку имаме сојузници со кои можеме да ги здружиме ресурсите и заеднички да одговориме.

Американската амбасадорка во земјава Кејт Мери Брнз вели членството во НАТО е огромно достигнување до кое не било лесно да се дојде. Но, потенцира таа, тоа ќе овозможи младите луѓе како што ќе го продолжуваат своето образование и ќе градат кариерара имаат можност да ги искористат поволностите што овој процес ги нуди и ги носи со себе. Една од предностите, рече, е осигурувањето на безбедноста.

Во тој контекст и таа како и Пендаровски го спомена членот 5 од Северноатлантскиот договор во кој нападот на една земја се смета како напад на целата Алијанса. Според неа, поволностите од овој член, САД ги почувствувале во септември 2011 кога сите сојузници застанаа зад земјата по страшните терористички напади.

-Различните видови закани со кои се соочуваме сега се екстремно комплицирани и се закани со кои ниедна земја не може да се соочи сама па дури ни САД. Ставањето на нашите можности и капацитети заедно во заедничка одбрана е единствениот начин на кој ќе бидеме подготвени и ќе можеме да успееме и да овозможиме безбедност за идните генерации, рече Брнз.

Користа од НАТО, смета и американската амбасадорка, не е само од воен, туку и од политички аспект и вредности кои, исто така, се многу важни.

-Тие ја вклучуваат важноста на демократските институции и цивилна контрола на воените сили, но и мерки кои овозможуваат транспарентност и зајакнување на институциите, рече Брнз.

Таа порача дека земјава треба да биде целосно подготвена за членство во Алијансата. Треба, потенцира Бернс, да биде подготвена армијата, институциите, се треба да е завршено за кога земјата стане членка на НАТО да нема прашање за придонесот на Македонија во Алијансата, туку да биде доживеана како целосен и вреден член. Затоа, смета американската амбасадорка Бернс, Македонија треба да се продолжи со реформите. /МИА

ОН: Во 2023 бројот на случаи на сексуално насилство во конфликти е зголемен за 50 отсто

Обединетите нации објавија дека во 2023 година бројот на случаи на сексуално насилство во конфликти е зголемен за 50 отсто во однос на претходната година, пренесува Анадолија.

Во Советот за безбедност на ОН се одржа седница за сексуално насилство во конфликти.

Прамила Патен, специјална претставничка на генералниот секретар на ОН за сексуално насилство во конфликтни зони, го објави 15-тиот годишен извештај на генералниот секретар Антонио Гутереш за сексуалното насилство во конфликти.

Таа истакна дека има невиден пораст на милитаризацијата низ светот.

- Додека жените и децата гладуваат, воените трошоци ширум светот истовремено надминаа 2,2 трилиони долари. Додека буџетите за хуманитарна помош се намалуваат, оружјето продолжува да се доставува до криминалците, а жртвите продолжуваат да страдаат, рече Патен.

Таа нагласи дека ОН регистрирале вкупно 3.688 случаи на сексуално насилство во конфликти во текот на 2023 година.

Патен рече дека сексуалното насилство особено ги погодува жените и децата. Таа додаде дека и израелските сили вршат сексуално насилство врз Палестинците.

- Според информациите потврдени од ОН, на окупираниот Западен Брег, жените и мажите приведени од израелските сили по 7 октомври биле изложени на злоупотреба, вклучително и сексуално насилство. Слични обвинувања има и во Газа, рече Патен.

Амбасадорката на добра волја на ОН и актерка Данаи Гурира не можеше да ги задржи солзите во својот говор, истакнувајќи дека сексуалното насилство продолжува да расте во светот и покрај сите напори на ОН. /МИА

Во Шуто Оризари, тече мирно изборниот процес

Канал 5 го следи изборниот процес во Општина Шуто Оризари.

Во основното учлиште „26 јули“ е Дејан Трајковски.

Како тече изборниот процес во оваа Општина?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Прв круг претседателски избори: За гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи

Право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи.

Македонија по 7 пат бира претседател на државата. Гласачките места ќе бидат отворени до 19 часот. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа. Право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи. Вчера на 31 избирачко место гласаа и нашинци во дијаспората, како и затворениците и болните и немоќни лица. Утринава Канал 5 беше на отворањето на гласачките места во Општина Карпош ,а во моментов нашите екипи се на две избирачки места, едната е на гласачкото место во средното учлиште Јосип Броз Тито и другата во основното учлиште 26 јули во населбата Шуто Оризари.

Во Центар е Игор Манасивски. Целосниот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер