Димитров – Дендиас: Имаме заедничка иднина и пат, ако гледаме добронамерно

Радосен сум што сум тука, во прва посета на соседна Македонија, која наскоро ќе стане партнер на Грција во НАТО и кандидат за ЕУ. Сигурен сум дека наскоро ќе ги почне пристапните преговори. Ја имате целосната поддршка од Грција, рече Дендиас.

Грција дава целосна и силна поддршка за прилучувањето на Македонија во ЕУ и се залага за целосна имплементација на Договорот од Преспа и зајакнување на билатералната соработка, изјави шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас на зедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

– Радосен сум што сум тука, во прва посета на соседна Македонија, која наскоро ќе стане партнер на Грција во НАТО и кандидат за ЕУ. Сигурен сум дека наскоро ќе ги почне пристапните преговори. Ја имате целосната поддршка од Грција, рече Дендиас.

Оцени дека има драматично подобрување на билатералната соработката, која и натаму се развива со фокус на економијата, воената соработка, инвестициите, инфраструктурата…

Билатерланите односи, посочи Дендиас, поминуваат преку Преспанскиот договор. Има непредок во неговата имплементација, но има и доцнења во некои сегменти кои треба да се поправат.

– Грција го поддржува влезот на Македонија и на другите земји од Западен Балкан во ЕУ. Тоа е заедничка цел. Почнувањето на преговорите ќе биде значителен чекор и тоа за Грција е значајна цел. Го разбираме разочарувањето од одложувањето, но треба да се гледа напред. Важно е да се имлементираат европските вредности, а ние нудиме целосна соработка, рече Дендиас.

Министерот Димитров нагласи дека Македонија смета на грчката поддршка на патот кон ЕУ.

– Грција е наш стратегиски партнер, сосед и пријател. Преспаснкиот договор отвори голем потенцијал за соработка што треба да се искористи, рече Димитров.

Посочи дека се очекува наскоро да се одржи првата седница на комисијата за трговски марки, како и состанок на еспертите за отворање на новите гранични премини меѓу двете земји.

На новинарско прашање дали е можно оспорување на Договорот од Преспа во двете земји, Дендиас рече дека ставот на актуелната грчка Влада е дека тоа е завршена работа и треба целосно да се импементира. – Имаме заедничка иднина и пат, ако гледаме добронамерно, додаде ефот на грчката дипломатија.

И Димитров вели дека договорот е веќе дел од нашиот правен систем и мора да се почитува.

Грчкиот министер за надворешни работи кој престојува во еднодневна официјална посета на земјава, попладнево ќе се сретне и со претсдеателот Стево Пандаровски и со премиерот Зоран Заев./МИА.

Повеќе скопски населби утре без струја

Без струја утре од 8:30 до 12:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Божидар Аџија", од Државниот студентски дом „Пелагонија" до улицата „Димо Хаџи Димов" во општина Кисела Вода.

Во периодот од 8.30 до 15:00 часот струја ќе немаат дел од корисниците од село Зелениково, а од 8:40 до 14:30 часот корисниците од улиците „13 Август-Охридски Договор", „1633" и „Роман Каскалиев" во општина Гази Баба.

Без струја утре од 9:00 до 11:00 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на булевар „Партизански одреди" во општина Карпош, од 9:00 до 13.00 часот дел од корисниците од улицата „Мариовска" во општина Кисела Вода, а од 11:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Ванчо Мицков" во општина Карпош.

Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекините се поради технички зафати во електродистрибутивниот систем.

СБ одобри 30 милијарди долари за обезбедување на храна

Светска банка (СБ) соопшти дека ќе стави на располагање 30 милијарди долари за да помогне во снабдувањето со храна, што е отежнато поради руската инвазија врз Украина.

Предвидено е 12 милијарди долари да бидат наменети за нови проекти и повеќе од 18 милијарди долари од постоечките проекти за храна и исхрана кои се одобрени, но сè уште не се исплатени.

– Порастот на цените на храната има катастрофални ефекти врз најсиромашните и најранливите. За информирање и стабилизација на пазарот, клучно е сега земјите да даваат јасни изјави за идното зголемено производство како одговор на руската инвазија врз Украина, изјави претседателот на Групацијата Светска банка, Дејвид Малпас.

СБ најави и дека очекува нови проекти за поддршка на земјоделството и наводнувањето, како и за социјалната заштита, со цел да се ублажат ефектите од повисоките цени на храната врз сиромашните. Повеќето ресурси одат во Африка и Блискиот Исток, Источна Европа и Централна Азија и Јужна Азија.

Тие области се меѓу најтешко погодените од војната во Украина. Земјите како Египет се во голема мера зависни од украинската и руската пченица и се борат за снабдување затоа што Русија го блокираше извозот на украинските земјоделски производи од пристаништата на Црното Море и воведе ограничувања за домашниот извоз.

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Џафери во Берлин ќе му каже на германскиот колега дека ги пцуе вработените?

Дали Џафери во Берлин ќе му каже на својот германски колега дека ги пцуе, вреѓа и врши мобинг на вработените во собранието?

Нели му е непријатно на Талат Џафери и Димитар Ковачевски кога одат во земјите од ЕУ и нашите стратешки сојузници, каде моралните вредности се на највисоко ниво, и дали не се срамат дека тие дознале за нивниот примитивизам?

Како се чувствува Џафери кога зборува за човекови права, демократија и етички кодекс, а тој самиот е причина за трауми на десетици вработени во собранието?

Џафери ја срами Македонија, и позицијата која ја држи.

Талат Џафери по доаѓањето од Берлин треба да си поднесе оставка, а доколку тоа не го стори истото од него да го побара Димитар Ковачевски. Доколку и Ковачевски продолжи да релативизира, тој треба да знае дека народот го гледа и него како одобрувач на односот на Џафери, но и отворено ќе се сомнева јавноста дека односот на Џафери, е и однос на Ковачевски со неговите вработени.

Примитивизмот на оваа власт е исто така една од причините зошто ни се потребни предвремени парламентарни избори час поскоро.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер