Со скокање по столчиња, дивеење и недолични скандирања навивачката група Шверцери во петокот вечерта во новата зграда на МНТ го одбележа 30-тиот роденден.
Иако вандализмот се случил уште во петок вечерта, за време на прославата по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука, за него во полиција било пријавено дури утринава, откако се појавија снимките..
Навивачката група „шверцери“ на некогашна Слога, а сега фудбалскиот клуб Шкупи тука во театарот прослувала 30 години од постоењето. Но, останува нејасно зошто за ваква прослава е одбран токму македонскиот народен театар и зошто надлежните воопшто им дале дозвола.
Одговор на овие прашања побаравме од директорката Симона Угриновска, но таа не одговори на нашите повици. За дел од интернет порталите таа раскажа дека настанот бил во организација на Владата, додека инцидентот се случил во вториот дел во кој требало да се прикаже документарен филм за навивачката група. Таа рече дека воопшто не била запознаена со темата на настанот,а за негов главен координатор го посочи пратеникот на ДУИ Артан Груби.
,,Когазапочнадивеењето, јасмусејавивнаГруби и гозамоливтој, какоавторитет, даапелирапосетителитедасесмират и данеправатштета. Неговиотодговорбешедекатиесамосипеатнавивачкипесни. Полицијатавлезевнатре, нонеинтервенираше. Значи, тоабешемасананарод, сличнокаконаспортскинатпревар. Околуобјавитевоодреденипорталивокоисебарамојаоставка, можамдакажамсамодекајаснебегамододговорност. Акоодговорноста е моја, ќесесоочамсонеа –велиУгриновска за ФОКУС.
Пратеникот Груби, кој важи за долгогодишен поддржувач на навивачката група, не ја објаснува точно неговата улога.. За Канал 5 вели дека тоа било прослава, а дивеење бил упадот во Собранието на 27-ми април..
,,Сметамдекареакциитесеапсурдни, лицемерни и преставувааткласичнанамернаполитичказлоупотребананастанвофункцијанапредизборнапропаганда. Јаснесуморганизаторнанастанот, номорадаистакнамдекатеатаротмуприпаѓананародот, не е ВМРОовски, СДСМовски, панитунинафелата, граден е сонашипари, несопаритена ВМРО, нитунафелата и имприпаѓанаграѓаните.
Премиерот Заев во петокот присуствуваше на првиот дел од прославата. Тој денеска рече дека утринава дознал за инциденотот за кој се огради и повика на одговорност.
Одговорност побараа и од ВМРО ДПМНЕ, кои инциденотот го оценија како потценувавање на вработените во театарот.
Со осуда за инциденотот излегоа и од СДСМ од каде велат дека недозволиво и срамно е уништувањето на културни институции.
Македонскиот народен театар е под надлежност на Министерството за култура, но од таму тврдат дека воопшто не знаеле дека во МНТ ќе дојдат навивачи на Шкупи.
Колкава е причинетата штета допрва ќе се утврдува, а по првичната забрана, попладнево театарот ги отвори вратите за камерите.. Се огласија и од навивачката група со став дека не кршеле туку се однесувале и навивале коректно.