Сончевиот систем е опкружен со огромен огнен ѕид

На најоддалечениот крај на нашиот Сончев систем постои  бариера од жешката плазма, односно огромниот заштитен ѕид , што го дефинира работ на меѓуѕвездениот простор.

Кога вселенското летало „Војаџер 2“ го започна своето патување во меѓуѕвездениот простор кон крајот на 2018 година,во тој дел од вселената биле забележани температури од 49.427 степени Целзиусови, пренесува Futurism.

„Локалниот меѓуѕвезден медиум, бариерата од жешка плазма, се наоѓа во близина на хелиопаузата и потопол е отколку што се очекуваше“, пишува во студиското резиме наречено Voyager 2 plasma observations of the heliopause and interstellar medium ,објавено во научното списание „Nature Astronomy“.

Во резимето исто така се вели дека набљудувањата на „Војаџер 2 покажале дека температурата во регионот е 30.000 - 50.000 К, додека моделите и набљудувањата предвидувале температури од 15.000 до 30.000 К.“

Засега, не им е јасно на научниците како овој ѕид од топла плазма ќе влијае на идните меѓуѕвездени патувања. Имено, иако плазмата е исклучително топла, таа не е густа и Војаџер 2 поминал низ неа без никакви проблеми. Но, експертите се загрижени дека оваа жешка бариера може да влијае врз луѓето.

Научниците во моментов анализираат слоеви на плазма кои создаваат и одржуваат соларни ветрови што се издувуваат од сонцето и го формираат џиновскиот меур од плазма што го опкружува нашиот Сончев систем.

Според лабораторијата на НАСА, новите истражувања покажуваат дека Војаџер 2 можеби не преминал во меѓуѕвездениот простор, туку е заглавен во широка област на транзиција која се состои од неверојатно топла и компактна плазма.

Саудиска Арабија за прв пат учествува на изборот за Мис Универзум

Саудиска Арабија ќе учествува на изборот за Мис Универзум 2024 за прв пат во историјата на изборот.

Руми Алкахтани, 27-годишна манекенка и инфлуенсер родена во Ријад, ќе ја претставува Саудиска Арабија на изборот за убавина.

- Чест е да се учествува на изборот за Мис Универзум 2024. Ова е прво учество на Кралството Саудиска Арабија на изборот за Мис Универзум - објави таа на својот Инстаграм профил.

Освен што е крунисана за Мис Саудиска Арабија, Алкахтани ги носи и титулите Мис на Блискиот Исток, Мис на Арапскиот свет за мир 2021 година и Мис жена на Саудиска Арабија.

Таа претходно ја претставуваше Саудиска Арабија на неколку меѓународни натпревари, меѓу кои и оној за Мис Азија, кој се одржа во Малезија, пишува Index.hr.

Сончево и топло до крајот на неделава со температури до 27 степени

Следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот.

Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата, соопшти УХМР.

Минималните утрински температури ќе бидат во интервал од 4 до 12, а максималните дневни ќе достигнат до 27 степени.

Струмичката болница обезбеди модерна ендоскопска и лапароскопска опрема за хируршки зафати

Струмичката болница обезбеди и започна со работа со нова модерна ендоскопска и лапароскопска опрема за потребите на одделот хирургија, информираа од оваа здравствена установа.

Како што соопштија оттаму, со лапароскопска хирургија се овозможува полесен третман на пациентите со минимални инвазивни третмани, помал губиток на крв, помал ризик од инфекции, полесно заздравување и пократок престој на пациентите во болница за разлика од отворените хирушки интервенции.

-Тимот на хирурзи, хирурзи на абдоминална хирургија, во болницата веќе подолго време работат лапароскопски операции, а во наредниот период ќе се работи на проширување на експертизата, доедукација на лекарите во лапароскопска хирургија, како и во гинекологија за проширување на видот на оперативните третмани кои досега се работеа во нашата болница со класични отворени хирушки методи, велат од ЈЗУ „Општа болница Струмица“.

Инаку, лани се направени вкупно 1.400 операции, од кои околу 300 лапароскопски хирушки интервенции.

притисни ентер