Викендов на патеката Орман во Скопје се одржа вториот натпревар од Шампионатот на Македонија во Мотокрос 2019

Натпреварот беше во организација на МК Мотори-Скопје а учество на истиот земаа 26 натпреварувачи поделени во 4 класи МХ85, МХ1, МХ2 и МХ.

Во првиот натпревар во класата МХ1 победник беше кросистот Гоце Томовски од МК Гого-Скопје, во класата МХ2 Христијан Станковиќ од МК Ендуро Тим Водно – Скопје, класа МХ Зоран Каранфиловски исто така од МК Ендуро Тим Водно – Скопје и во класата МХ85 во која настапуваат најмладите натпреваувачи победи Антонијо Дамјановски од МК Хамачи Екстрим – Штип.

Во вториот натпревар истите натпреварувачи ги потврдиа пласманите и со самото тоа беа прогласени за победници во генералното класирање на овој натпревар.

притисни ентер