Хелсиншки комитет: Насилството врз жените не е приватна работа, тоа е општествена појава која треба да се искорени

Секоја трета жена во светот искусила некаква форма на насилство, а според податоците на Обединетите Нации, семејното насилство е убиец број еден на жените. 

Наместо жената да биде и да се чуствува безбедна во домот, понекогаш најголемата опасност за неа доаѓа токму оттаму. Во нашата земја, само во првите 9 месеци од 2019 година, пријавени се 709 кривични дела од областа на семејното насилство, од кои, 610 биле жени жртви. Семејното насилство и насилството врз жени несразмерно повеќе ги погодува жените, токму поради тоа што се жени, информираат од Хелсиншкиот комитет на Република Македонија.

Во соопштението по повод Меѓународниот ден на елиминирање на насилството врз жените, од Хелсиншкиот комитет потенцираат дека истражување на ОБСЕ покажува оти „само два отсто од жените кои доживеале насилство од сегашен партнер, го пријавиле во полиција, како и дека тоа зборува дека бројката на жени кои трпат насилство е многу повисока од официјалните статистики.

– Исто така, загрижувачки е трендот на прифаќање на насилството во земјата. Истражувањето на ОБСЕ открива дека „три од пет или 60 отсто жени сметаат дека насилството врз жените е вообичаено, а речиси три од десет сметаат дека тоа е многу честа појава." За да се победат овие поразителни бројки, мора да работат заеднички сите актери во општеството: институциите, граѓанските организации, медиумите како и секој граѓанин. Насилството врз жени не е приватна работа, тоа е општествена појава која треба да се искорени, се вели во соопштението од Хелсиншки комитет.

Оттаму ја поздравуваат иницијативата за подготовка на нов Закон против насилство врз жени и семејно насилство кој ги следи одредбите на Истанбулската конвенција, а бил изготвен во процес на консултација со граѓанскиот сектор.

– Новиот нацрт – Закон препознава и санкционира и нови форми на насилство врз жени, дефинирани и во Истанбулската конвенција. Но, потребно е негово побрзо усвојување, за да се започне со обезбедување сеопфатни сервиси до жртвите, велат од Хелсиншкиот комитет.

Насилството врз жените и семејното насилство, потенцираат, ја ограничува жената да учествува во економскиот и општествениот живот, предизвикува депресија, чуство на немоќ и безизлезност, а и е грубо кршење на нејзините основни човекови права. Оттаму, сите треба да дејствуваме заедно за да се искорени оваа деструктивна појава во нашето општество. /МИА

СДСМ: Изборите минаа во фер и демократска атмосфера

На прес конференцијата по завршувањето на гласањето за првиот круг на претседателските избори портпаролката Богданка Кузевска констатира дека изборите биле фер и демократски. 

Драма на перон: Сакала да влезе во воз во движење, но се сопнала (ВИДЕО)

Немил настан се случил на 17 април во аргентинскиот град Морено, а чудо е што е избегната трагедија.

На социјалните мрежи е објавено видео од неименувана девојка која се обидува да се качи на воз во движење, но работите тргнаа наопаку.

На видеото го гледаме како се обидува да фати воз, очајно сакајќи да влезе внатре, но се сопнува и паѓа меѓу композицијата и перонот.

Еден од патниците и обезбедувањето веднаш дотрчале кај несреќната жена која останала да лежи покрај пругите. На почетокот не е јасно дали преживеала.

Кога сфатиле дека сè уште дише, повикале помош и била пренесена во болницата „Де Ла Вега“, јавува Лакале Блу радио.

Лекарите ѝ ги санирале повредите, па била згрижена.

ВМРО-ДПМНЕ : Силјановска Давкова со 44,56% , Пендаровски 18,36% од гласовите

Според аналитичкиот центар на ВМРО – ДПМНЕ, НА 10 % обработени податови , во водство е Гордана Силјановска Давкова со 23.644 гласа или 44,56%.

На второ место е Стево Пендаровски со 9740 гласа, односно 18,36 проценти од гласовите.

Бујар Османи освоил 7473 гласа или 14,08% , Максим Димитриевски 3687 гласа или 6,95% , Арбен Таравари 5010 гласа или 9,44% , Билјана Ванковска 2026 гласа или 3,82 % и Сревчо Јакимовски 366 или 0,69%.

притисни ентер