Продолжува пинг-понг реториката меѓу партијата на Борисов и ВМРО-ДПМНЕ

Средбата Борисов – Мицкоски  продолжува да ја разбранува македонската јавност за тоа дали лидерот на опозицијата го прифаќа Договорот за добрососедство.

По обвинувањата на СДСМ дека Мицкоски едно зборува во странство, а друго дома, бугарскиот европратеник Андреј Ковачев во интервју за бугарското радио Фокус упати предупредување до ВМРО-ДПМНЕ за според него непријатните изјави на членови на раководството на оваа партија против Бугарија

„Тоа е апсолутно недопустливо и убеден сум дека ние нема да го оставиме без последици нивното однесување, ако е таков односот на таа партија кон Бугарија. Сакаат да им се извиниме за последните 300 години, колку лоша била Бугарија кон Македонија и Македонците и целата пропаганда од 1944 година беше одново воскресната“, изјави Ковачев.

Тој напомена дека со Премиерот Борисов сакале да дознаат од Мицкоски дали ако победи на избори ќе го почитува Договорот за добрососедство и заедничката историја, а и личностите како Гоце Делчев, Дамјан Груев, браќата Миладинови, Тодор Александров, и целата плејада преродбеници и револуционери, кои се самоопределувале како етнички Бугари.

„Тоа фалсификување повеќе не може да се трпи“, вели Ковачев.

Мицковски во интервју за Курир пак снимањето на неформалниот разговор од средбата со Борисов го оцени како малку непријатно . Тој рече дека никаде не го споменал договорот и дека владата се обидува да шири лажни вести

„Инаку да, порано сум истакнал, му го кажав тоа и на г-динот Борисов, а еве ќе го повторам и сега дека имам намера да подржам се што е добро за двете земји, тоа подразбира дека без никакви дилеми подржувам економска соработка, да јакнеме трговски, да градиме соработка со соседите, културно, спортски, научно да соработуваме“,вели Ковачев.

Инаку вчера Премиерот Заев го обвини Мицкоски за лицемерие, дека пред Бугарите рекол дека го прифаќа договорот, а дека дома друго кажува.

Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд

Времето денеска е сончево со мала до умерена облачност.

Попладне наместа ќе има зголемена облачност со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Во втората половина од ноќта ќе има зголемување на облачноста и на повеќе места ќе има врнежи од дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 25 степени Целзиусови.

И во Скопје е сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и во втората половина од ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 21 степен Целзиусов.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе има повремени врнежите од дожд, а на планините повремен снег. Локално врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната од 5 до 18 степени Целзиусови. Во Скопје минималната температура ќе биде 8, а дневната ќе достигне до 15 степени Целзиусови.

Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.

Повеќе скопски села и населби утре без струја

Без струја утре од 8:30 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Максим Горки“ и реонот Дом на градежници во општина Центар.

Во периодот од 9:00 до 14:00 часот утре без струја ќе останат поголемиот дел од потрошувачите на улица „Ринхини“ во општина Ѓорче Петров, а од 9:00 до 10:30 часот дел од корисниците од селата Визбегово, Мирковци, Бразда, Глуво, Чардак, Оризари.

Без електрична енергија од 9:00 до 15:00 часот утре ќе бидат корисниците од улица „Кавалска“ во општина Кисела Вода, а од 9:00 до 12:00 часот корисниците на патот за Долно Лисиче, од Кодакопласт, кон Паци Петрол до реката, од црлвата „Св.Петар и Павле“ по патот кон Долно Лисиче во општина Аеродром.

Без струја утре од 9:00 до 10:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улица „4031“ во село Марино, општина Илинден, а од 9:00 до 13:00 часот корисниците од булевар „Борис Трајковски“, од Техноскоп до кружниот тек пред Драчево.

Во периодот од 10:30 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Сандево, Бањане, Горњане, дел од Мирковци, а од 13:00 до 15:00 часот дел од корисниците лоцирани на улиците „Исаија Мажовски“ и „Воин Драшкоци“ во општина Ѓорче Петров.

Како што информира РЦУК - Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа на Град Скопје.

Фон дер Лајен: Исходот од војната во Украина ќе ја предодреди нашата иднина

Исходот од војната во Украина ќе ја предодреди нашата иднина, предупреди денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Во говорот што го одржа на свечената пленарна седница на Европскиот парламент во Стразбур, посветена на најголемото проширување на ЕУ во историјата - со 10, главно поранешни комунистички земји од истокот на континентот - таа ја опиша Русија како „егзистенцијална закана “ во Европа.

„Ако Русија ја добие војната, Европа повеќе нема да биде иста“, нагласи Фон дер Лајен и повика на продолжување на помошта за Украина.

„Рускиот претседател Владимир Путин ја разбира само силата. Путин мислеше дека Европа нема да и помогне на Украина, но згреши. Мислеше дека американскиот Конгрес нема да гласа за доделување нова помош за Украина, но згреши, рече Фон дер Лајен.

Таа посочи дека Украина го направила својот европски избор, а ЕУ го направила својот избор еден ден да ја прифати земјата како нејзина членка.

Фон дер Лајен посвети внимание на клучната улога на земјите кои се приклучија на Европската унија во 2004 година во помагањето на земјата нападната од Русија.

„Да живее Европа“, додаде Фон дер Лајен. /МИА

притисни ентер