Исчистена депонијата долж Лепенец во Бардовци

Општина Карпош продолжува со чистењето на депониите. Денеска исчистена депонијата долж реката Лепенец, во Бардовци.

Исчистена е уште една децениска, дива депонија во Бардовци, долж течението на реката Лепенец. Подигнати се 550 кубни метри отпад, кој со години се таложеше на оваа локација и придонесуваше кон зголемување на аерозагадувањето. Тука се палеа и огнови на отворено и се одлагал шут.

Акцијата ја спроведе Општина Карпош во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ Скопје. Дополнително, ќе се постават бариери за да се спречи создавање на нова депонија, а се интензивираат и инспекциските служби на овој потег.

Во изјава за медиумите, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев се осврна на интензивните активности на локалната самоуправа за заштита на животната средина:

Минатата недела, затворивме и депонија во Злокуќани кај фудбалското игралиште. Со тоа, изминатиов период затворивме повеќе критични точки кои со години претставувале опасност за животната средина: депонијата кај „Газела“, депониите кај С.Ц. „Борис Трајковски“ и горе посочените депонии.

Исто така, започнавме со еден стратешки пристап кон расчистувањето на отпадот во Карпош. Оваа недела објавивме дека мапиравме 13 локации на кои има поголема количина отпад, a денешната локација е токму таква и е дел од мапираните локации. Во наредниот период продолжуваме со чистење и на останатите критични точки, рече Богоев.

Денеска, комуналните служби на Карпош чистат повеќе делови од Бардовци, а се мијат и улиците со цистерни од страна на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје. Исто така, се чисти и страничниот дел од патот кој води до „Свислион“.

Општина Карпош веќе ја спроведува и информативната кампања за правилно одлагање на џебен, комунален, кабаст и електричен/електронски отпад.

Норвешка прекина со вакцинации со АстраЗенека, 216.000 дози ќе им позајми на Шведска и Исланд

Норвешка, каде што привремено е прекината употребата на AstraZeneca, ќе им позајми на Шведска и Исланд 216,000 дози на нивно барање, објави норвешкото Министерство за здравство.

„Задоволен сум што вакцината што ја имаме на залиха може да биде корисна иако вакцината „АстраЗенека“ во Норвешка е ставена во мирување“, рече во изјавата министерот за здравство Бент Хеј.

Тие 216.000 дози вакцини од англо-шведската компанија треба да се искористат до јуни, а некои до јули. 200 000 дози ќе бидат насочени кон Шведска, а 16 000 за Исланд.

„Ако продолжиме да ја користиме AstraZeneca, тие ќе ни ги вратат позајмените дози кога ќе ги побараме“, прецизира Хеј.

Како и нејзиниот дански сосед, Норвешка престана да ја користи AstraZeneca на 11 март за поблиску да ги проучи нејзините несакани ефекти, ретки, но потенцијално тешки.

Од 134 000 администрирани инјекции во Норвешка, имало пет случаи на тешка тромбоза, од кои три биле фатални, а се пријавени кај релативно млади здрави лица. Уште една вакцинирана жена починала од мозочно крварење.

„Само Интервју” вечерва со Талат Џафери

Во вечерашнoтo „Само Интервју” ќе гостува Талат Џафери.

Дами и господа, петок е ден за „Само Интервју“, а вечерва ќе гостува Собранискиот спикер Талат Џафери.

Скафандери во Собрание, политички препреки и исцрпувачки седници за економските мерки, има ли законодавниот дом атмосфера за решавање на проблемите на граѓаните или стана самиот проблем?

Четири години по крвавиот 27 април, ја знаеме ли целата вистина?

Кога судот се откажа, можеше ли Собранието да покрене иницијатива за обесштетување на новинарите -сведоци на крвавиот четврток?

Дали им се лути на Заев и Мицкоски што не го поканија на лидерска? Можно ли е овој состав да биде ефикасен или предвремени избори се најдобро решение?

Вечерва во „Само Интервју“, Гоце Михајлоски прашува, Талат Џафери одговара, а вие гледајте Канал 5 Телевизија.

Жената мамела на возачки испит, сопругот го гризнал сопственикот на авто школата

Возачкиот испит во Австрија морало да го запре полицијата,откако инструкторите откриле дека еден ученик од автошколата се обидува да ги заобиколи правилата.

Авто школата во градот Инсбрук контактирала со полицијата откако 40-годишата кандидатка започнала да се однесува чудно додека полагала писмен испит, изјавил вчера полицискиот портпарол.

Жената сторила сé за да се осигура дека ќе го положи возачкиот испит: имала слушалки со Bluetooth и скриена камера зашиени во нејзиниот џемпер.

Додека полицијата ја испрашувала, нејзиниот сопруг се појавил и сакал да ја напушти автошколата со неа. Ситуацијата на крајот ескалирала кога мажот го каснал за рамо сопственикот на автошколата.

Двојката доби куп полициски пријави: тој за напад , а таа за мамење на испитот, но тие сепак не завршиле во притвор.

притисни ентер