Наивен уметник го доби судскиот спор против Северина

Поради слики на хрватски наивни уметници , чии мотиви користела Северина на својот албум , пејачката и нејзината издавачка куќа се најдоа на суд.

Ги тужи 84 годишниот наивен уметник Мијо Ковачиќ, чии слики ги користела Северина Којиќ на албумот ,,Здраво , Марија”. Таа ќе треба да му плати обештетување од околу 3 500 евра на уметникот за албумот издаден во 2008 година.

Судот во Загреб одлучи дека на авторот на сликите му биле повредени авторските, моралните права и дека сликите биле користени нелегално.

Самиот автор вели дека доколку Северина го прашала , бесплатно ќе и дозволел да ги користи неговите уметнички дела.

Во Србија најголем број заболени на респиратори , починаа уште 12 лица

Во последните 24 часа, 6.915 лица биле тестирани на коронавирус во Србија, а 279 од нив биле позитивни. Починале 12 лица.

На респиратори има 154 пациенти, што е најголем број од почетокот на епидемијата на корона во Србија.

Во текот на вчерашниот ден, бројот на ново заразени лица во таа земја се намали (вчера 287) во однос на претходниот ден, но една од причините е помалиот број на тестирани отколку што бил случајот во претходните недели, па дури и денес.

Односот на бројот на позитивни на бројот на тестирани, пишува „Блиц“, експлодира и отиде над седум проценти.

Бројот на заразени со коронавирус во светот надмина 13 милиони

Бројот на заразени со коронавирус во светот надмина 13 милиони, според пресметката на „Ројтерс“, означувајќи уште една пресвртница во ширењето на болеста, која однесе повеќе од половина милион животи за седум месеци.

Првиот случај е пријавен на почетокот на јануари во Кина и беа потребни три месеци за бројот на случаи да се искачи на еден милион. Сега се потребни само пет дена да се дојде од 12 милиони случаи, забележани на 8 јули, на 13 милиони.

Бројот на заболени е околу три пати поголем од тешките случаи на грип регистрирани на годишно ниво, според Светската здравствена организација (СЗО).

Повеќе од 568.500 смртни случаи се поврзани со коронавирусот, што е во истиот опсег со годишниот број на смртни случаи од грип во светот.

Првата смрт е пријавена во Вухан, Кина на 10 јануари пред инфекцијата да се прошири во Европа, а потоа и во Соединетите држави.

Многу сериозно погодени земји ги олеснуваат наметнатите рестриктивни мерки за да го забават ширењето на ковида-19. Други места, како австралискиот град Мелбурн, воведуваат втор круг на изолација.

Пресметката на Ројтерс, врз основа на владините извештаи, покажува дека болеста најмногу се забрзува во Јужна Америка.

Повеќе од половина од инфекциите во светот и половина од смртните случаи се пријавени во Северна и Јужна Америка.

Американците поставија дневен глобален рекорд од 69.070 нови инфекции на 10-ти јули. Во Бразил, 1,86 милиони луѓе се позитивни на вирусот, а повеќе од 72.000 умреле од ефектите на ковид-19.

Индија, земјата со трет најголем број заразени, се бори во просек со 23,000 нови случаи на ден од почетокот на јули.

Во земјите со ограничен капацитет за тестирање, бројот на случаи рефлектира само дел од вкупните инфекции.

До 15 часот гласале 340 лица со Ковид-19 и во самоизолација

До 15 часот правото на глас за предвремените парламентарни избори го оствариле 340 лица со Ковид-19 или во самоизолација. Гласањето засега се одвива без проблеми, изјави претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски.

Во меѓувреме, оваа бројка е зголемена за над стотина лица, но се чекаат официјални информации од општинските изборни комисии.

Најдоцна до 21 часот ќе се знае колкумина од лицата со Ковид-19 или во самоизолација гласале.

За гласањето денеска беа пријавени 773 лица позитивни на Ковид-19 или во самоизолација, но според последните податоци на ДИК објавени на нивната веб страница општинските изборни комисии прифатиле пријави на 711. Најмногу пријави за гласање на лица со Ковид-19 и во самоизолација се прифатени во Ресен-60, потоа во Струга и во Тетово по 55, во Кичево и во Охрид по 34, во Сарај -32, во Куманово 31 и во Штип – 30.

Гласањето на овие лица го спроведуваат посебни изнборни тимови составени од здравствени работници и претставници на политички партии и се спроведува под соодветни здравствени мерки. /МИА

притисни ентер