(Видео) За Македонија се „невидливи“, ама затоа пак РТВ Србија им посвети емисија

Станува збор за емисијата на РТС - Квадратура на кругот, во која оваа недела темата беше граѓанската војна во Грција, и нашите сограѓани - бегалците од Егејска Македонија!

За жал, официјално се откажавме од нив, но тие се само уште еден доказ дека Македонци живееле и живеат во северна Грција, регион што тие си го нарекоа „Македонија“, додека ние од неодамна станавме Северни.

Српската државна ТВ се потсетува на овој страшен егзодус и вели:
„Во таа братоубиствена војна, во која од една страна се бореа вооружените сили на грчката влада, а од друга страна грчки комунисти, загинаа околу 50.000 луѓе, над половина милион беа внатрешно раселени, а повеќе од 50.000 избегаа само од Егејска Македонија“

50.000 наши луѓе, од кои преку 28.000 беа деца...сите Македонци.

( Видео ) Емисијата - Квадратурата на кругот

Двајца мигранти држеле во заложништво други 19 мигранти во Ваксинце

СВР Куманово денеска по претходно добиени сознанија дека во објект во село Ваксинце две лица – мигранти држеле поголема група мигранти во заложништво, во напуштен објект пронајде 21 лице – мигранти.

Од МВР денеска информираа дека по преземените мерки и активности, во напуштениот објект се пронајдени 21 мигрант, од кои двајца се сторители од Пакистан и се лишени од слобода и 19 оштетени лица – мигранти.

Се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок. /MИА

Руски новинари дошле да го поддржат колегата , сите завршиле во притвор (ВИДЕО)

Околу 20 руски новинари, кои дошле да го поддржат поранешниот новинар на „Комерсант“ Иван Сафронов, обвинет за предавство, беа приведени пред затворот Лефортово.

Учесниците на мирниот протест, претежно новинари, носеа маички „Слобода за Сафронов“, а беа придружувани со полициски комбиња без никакво образложение.

Сафронов, кој е уапсен на 7 јули, тогаш беше на позицијата советник на шефот на руската агенција за вселенско истражување (Роскосмос).

Федералната служба за безбедност (ФСБ) објави дека Сафронов им предал тајни податоци за воено-техничката соработка меѓу Русија и африканските земји на една од специјалните служби на НАТО во текот на 2017 година.

Обвинението за Сафронов треба да биде официјално претставено денес.

Градоначалникот на Загреб ја стави маската – на очи (ФОТО)

Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ се најде на удар на критиките, откако неправилно ј носеше заштитната маска на прес-конференцијата на Кризниот штаб во Загреб.

Според загрепскиот портал „Днавник.хр“, Бандиќ покажал како маската не треба да се користи.

Порталот означува дека кога пристигнал на конференцијата, тој ја носел маската над устата, но не и над носот.

Потоа застанал зад подиумот и ја извади маската и повеќепати ја допираше однадвор со рацете.

После одговорот, ја врати на лицето, но над очите.

На крајот на текстот, Дневник потсетува дека обврската да носат маски е проширена во цела Хрватска, но ги повикува читателите да не го прават тоа како Бандиќ.

Ова не е прв сличен инцидент со маската на загрепскиот градоначалник.

притисни ентер