Полициска рација во близина на Москва – Откриена најголемата лабораторија за синтетичка дрога (ВИДЕО)

Полицијата изврши рација и ја затвори најголема нелегална лабораторија за синтетички дроги во Русија.

Дилерите се скриле на фарма недалеку од Москва, соопшти руското Министерство за внатрешни работи.

Тие објавија видео и фотографии од лабораторијата скриени на четири хектари фарма во Серпуково, на околу 100 км јужно од Москва. Откриле околу тон и пол синтетички дроги, околу 100 килограми кристали, тон и пол разни течности, четири тони реагенси, повеќе од 600 кг прекурсори , седум хемиски реактори и друга опрема.

Уличната вредност на лекот се проценува на повеќе од сто милијарди долари.

„Производството беше во тек кога влета полицијата“, рече портпаролката на Министерството, Ирина Волк. Тие пронашле и уапсиле  тројца хемичари, по потекло  Украинци, транспортер , како  и организаторите на целиот бизнис. Сите завршија во притвор и им се заканува казна затвор до 20 години.

Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски" за 2019 година

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе биде доделена државната награда „Св. Климент Охридски" за 2019 година.

Оваа награда се доделува за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на државата.

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски" соопшти дека за остварување во областа на воспитанието и образованието наградата му се доделува на проф. д-р Агим Паљоска, албанолог.

Наградата за остварување во областа на културата и уметноста им се доделува на Димитар Башевски, писател, Весна Ѓиновска-Илкова, оперски пејач и Виолета Томовска, естраден уметник, а наградата за остварување во областа на здравството му се доделува проф. д-р Дејан Докиќ, пулмолог-алерголог. /МИА

Поради одрон во прекин сообраќајот на патот Маврови Анови – Дебар, кај Сенце

На патниот правец Р1202 Маврови Анови – Дебар кај село Сенце од 6:50 часот сообраќајот е во прекин поради одрон, информира ЈП „Македонија пат".

Екипите на претпријатието работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот. /МИА

Облачно, а попладне сончево со слаб ветер

Времето претпладне ќе биде со магла или ниска облачност по котлините, а попладне сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб, а во југоисточните делови повремено умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Во Скопје претпладне со магла и ниска облачност, а попладне облачноста ќе се намали. Температурата ќе достигне 12 степени.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а претпладне со појава на магла по одделни котлини. Минимална температура ќе изнесува од минус пет до три степени, а максималната температура ќе биде во интервал од девет до 15 степени.

Во вторник ќе биде претежно облачно, попладне со врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен, кон крајот на денот повремено засилен ветер од североисточен правец. Минимална температура ќе се движи од нула до седум степени, а максималната од седум до 12 степени. /МИА

притисни ентер