Пет работи што не може да си ги дозволат ниту милионерите

Има некои работи што дури ни милионерите не можат да си ги дозволат. 

Business Insider состави список од пет работи кои се надвор од дофатот на милионерите, односно само супер богатите мултимилионери можат да ги имаат .

1. Суперијахти

Иако се чини дека сите богати луѓе одмораат на јахти, но кога станува збор за тие мултимилионски долари луксузни суперјахти, само најбогатите можат да ги имаат. Ова е затоа што со вакви пловни објекти, покрај астрономската почетна цена, постојат и многу високи трошоци за одржување што само неколку можат да си ги дозволат.

2. Приватни авиони

Истата работа се однесува и за приватните авиони. Иако можеби се чини дека секој милионер има свој сопствен приватен авион, со кој може да лета насекаде во кое било време, само оние многу побогати од милионерите можат да си дозволат вакви работи. „Да се биде сопственик на авион не е за милионери. Тоа е за момци кои вредат 50, 60, 100 милиони“, рече Крис Батаглија од „Meridian Aviation “.

3. Спортски клуб

Само најбогатиот може да си дозволат да станат член на спортски клуб од светска класа. На пример, во 2014 година, Стив Балмер го купи ЛА Клиперс за неверојатни 2 милијарди долари.

4. Постојана домашна послуга

Не сите милионери имаат постојана послуга во своите домови. Веројатно повеќето можат да си дозволат помош околу куќата, но не можат да си дозволат тие да прават сè друго за нив затоа што тоа чини многу пари. Вработени како послуга со полно работно време во кое би биле вклучени началник на персоналот, менаџерски тим, батлер, асистент, готвач, домаќинка, дадилка, тутор, возач и домаќин чини 1 до 2 и пол милиони долари годишно, не вклучувајќи ги сите бенефиции кои работодавачот мора да ги обезбеди за овие вработени, пишува BI.

5. Бункери за судниот ден

Се зголемува бројот на ексцентрици кои се подготвуваат за „судниот ден “ градејќи бизарни комплекси и бункери. Тие треба да имаат многу пари за вакво нешто. Блумберг неодамна напиша дека милијардерите од Силиконската долина во последно време купуваат бункери во Нов Зеланд, од кои некои чинат околу осум милиони долари. Оние со малку повеќе луксуз и до 20 милиони долари.

Значи, ако некогаш дојде судниот ден и овие бункери навистина послужат за целта –на светот ќе останат живи само милијардери и мултимилионерите.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер