Џафери: Да стигнеме на целта заедно , како народи , како држави , како регион

Претседателот на Собранието Талат Џафери вечерва се обрати на на свечената академија по повод Денот на албанската азбука во МНТ.

,,Дозволете ми да го изразам задоволството што го имам денес, кога ја славиме 111-годишнината од Битолскиот конгрес и унифицирањето на албанската азбука, да ве поздравам во својство на претседател на Собранието и во име на моите колеги пратеници да ја искористам оваа можност да го честитам најважниот ден во историјата на политичкиот и културниот развој на Албанците, бидејќи одлуките од овој конгрес претставуваат еден од столбовите што помогнаа во издигнувањето за едно скалило повисоко на албанската култура и образование, но и понатамошното консолидирање во насока на развојот и напредокот на Албанците, со јасно избирање на ориентацијата и насоката што ќе ја следат во иднина. И овој чекор, колку и да изгледа скромен за старите светски цивилизации, сепак претставува придонес и во целокупниот развој на човештвото.

Секако дека овој интелектуален подем на Албанците се заснова врз темелите што ги поставија албанските интелектуалци и преродбениците од Здружението „Башкими“ собрани од сите страни на светот во Битола на Кирјази, чија што волја и визија и посветеност резултираше со најскапоцениот производ за животот и светлата иднина на еден народ, односно со унифицирана азбука која стана средство за писмена комуникација меѓу сите Албанци, но и стандардизиран јазик кој што е преведен и продолжува да се преведува на сите светски јазици. Со ова, продолжува животниот век на еден народ, односно неговата вредност и тежина. Затоа што, еден јазик е толку богат, толку вреден колку што се говори, пишува, збогатува и шири низ светот. Тоа е моќно оружје во интелектуалното, културното, уметничкото но над се, идентитетски знак на еден народ или како што рекол англискиот поет Семјуел Тејлор Колериџ „Јазикот е оружје на човечкиот ум, и во исто време содржи трофеи од своето минато и оружје за нејзините идни походи.“ И навистина, јазикот обединува луѓе, обединува идеи и овозможува соработка и се разбира напредок и развој. И во оваа прилика, сакам да изразам искрена благодарност кон сите сограѓани и претставници на домашните институции кои со своето присуство тука, меѓутоа и со сето свое институционално делување, покажуваат јасно дека само граѓанските општества со граѓани кои уживаат права меѓутоа исто така имаат и исти обврски, можат да бидат моторот кој што ја води напред нашата држава и целиот регион на Западен Балкан кој што одамна е определен за градење на општества со прифатени универзални вредности за правата и слободите на човекот.

Кога зборувам за издигнувањето и развојот, мислам на многуте вредности и всушност институциите кои сега го живеат полнолетството меѓутоа и оние кои се на зачетокот, како што е Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, на чие што раководство сакам да му честитам за нивната неуморна работа и за вредниот придонес што тие го даваат во насока на збогатување на културното и историското наследство на Албанците во овој дел на Балканот, чувајќи ги, негувајќи ги и промовирајќи ги вредностите од минатото и вредностите што ќе се создадат во иднина во насока на проширување на хоризонтот на делување. За поздравување е обемот и разновидноста на активностите што ги развива овој институт, се разбира секогаш во соработка со локалните институти, организации и академски институции од земјата и од странство, но над сè, научната и академската работа што трудољубиво се спроведува. Во иста линија е и основањето, консолидирањето и се надеваме набрзо и првите резултати од Агенцијата за примена на јазикот што се основаше пред една година. Почитувани, дозволете да го делам со вас чувството на гордост што го чувствувам во однос на востановувањето на Државната награда „22 Ноември“ за признание кон луѓето од политичкиот, културниот и социјалниот живот во Македонија, кои придонеле во унапредувањето на меѓучовечкиот соживот и взаемното разбирање помеѓу припадниците на различните заедници, култури и религии во земјата и што оваа година, оваа награда оди во рацете на почитуваниот научник, историчар и хуманист Давид Хосафлок и на просветните ветерани, Кимете и Аднан Агаи.

Минатата година, кога прославувавме 110 години на Денот на Азбуката, кога говорев за новата реалност, мислев на новиот политички контекст во кој што се наоѓавме како регион тогаш и сега, кога правам споредба со актуелниот контекст, можам да кажам дека Република Северна Македонија е речиси внатре во НАТО, таму каде што Република Албанија сега веќе одбележува полни десет години членство и набрзо ќе бидеме партнери и во оваа димензија на соработка, додека пак што се однесува на нашето заедничко патување во постигнувањето на нашите интеграциски аспирации во европското семејство, за жал наидуваме на пречка која и после целиот наш ангажман и искрена посветеност, повторно не зависи од нас и ние не можеме значително во менување на истата. Меѓутоа, секако продолжуваме со истиот ритам на правење на реформи, со подобрување на квалитетот на живот на нашите граѓани и над се, со создавање на поволни услови за нашите млади, за овозможување на отворање на нивните крила и поттикнување на нивните творечки, научни афинитети и над се, отворање на бескрајните хоризонти на производство на опипливи човечки вредности за нивниот потенцијал, нивниот придонес за општеството, за државата и регионот биде виден, ценет и да се ужива од страна на сите. Затоа што, како што реков и тогаш, времињата се менуваат, дискурсот се менува меѓутоа, битно е една работа да биде иста и заедничка, а тоа е целта каде сакаме да стигнеме, и тоа да стигнеме заедно, како народ, како држави, како регион.

Честит 22 Ноември!

САД ќе ја повлечат својата војска од Нигер

Повеќе од 1.000 американски војници ќе го напуштат Нигер во наредните месеци, објави Њујорк Тајмс.

Американски извори потврдиле дека веќе е постигнат договор за тоа меѓу заменик државниот секретар на САД Курт Кемпбел и раководството на Нигер, пренесува БТА.

Американската војска во Нигер е стационирана во две бази, вклучувајќи ја и базата за беспилотни летала позната како авиоабаза 201, изградена во близина на Агадез во централниот дел на Нигер.

Од 2018 година, базата се користи против милитантите од Исламската држава и Џамаат Нусрат ал-Ислам вал Муслимин, исламистичка организација поврзана со Ал Каеда, во регионот Сахел.

Армијата на Нигер ја презеде власта со државен удар минатата година. Пред пучот, Нигер беше клучен безбедносен партнер на САД и Франција. Но, новите власти во Нигер им се придружија на хунтите во соседните Мали и Буркина Фасо и ги прекинаа воените договори со своите некогашни западни сојузници како Вашингтон и Париз, напуштајќи го регионалниот политички и економски блок ECOWAS. Тие, исто така, започнаа поблиски врски со Русија.

Во наредните денови треба да се разговара за тоа како ќе се одвива повлекување на американските војници војници од Нигер. /МИА

Верстапен најбрз на спринтот за Големата награда на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи во спринтот за Големата награда на Кина.

Второто место го зазеде Луис Хамилтон од Мерцедес со заостанување од 13.043 секунди.

Вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез беше трет со 15.258, секунди послабо време од победникот.

Ова е осма победа на Верстапен во кариерата во спринт.

Главната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Кина ќе се вози утре со почеток во 9 часот по македонско време. /МИА

Северна Кореја тестирала тестирала „супер голема“ боева глава и противвоздушна ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета и нов противвоздушен проектил, пренесува ДПА.

Тестот на „супер-големата“ боева глава дизајнирана за стратешката крстосувачка ракета Хвасал-1 Ра-3 и пробното лансирање на противвоздушната ракета Пјољџи-1-2 се извршени во петокот, објавија државните медиуми.

- Преку пробното лансирање беше постигната зацртаната цел, објави агенцијата КЦНА.

Се наведува дека тестовите биле дел од редовните воени активности на Северна Кореја и дека немаат „никаква врска со ситуацијата во регионот“.

Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.

Како одговор на севернокорејската програма за нуклеарно оружје, Соединетите Држави и Јужна Кореја ја зајакнаа воената соработка, вклучително и одржување заеднички маневри. /МИА

притисни ентер