Трамп: Да не бев јас , Хонг Конг ќе беше срамнет за 14 минути

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека кинеската војска не интервенирала за да ги задуши про-демократските протести во Хонг Конг, само затоа што тој тоа го побарал од неговиот кинески колега Си Џинпинг.

„Без мене, Хонг Конг ќе беше срамнет со земја за 14 минути. Си Џинпинг има милион војници на позиции околу Хонг Конг. Тие не влегоа само затоа што јас тоа го побарав“, рече американскиот претседател.

Хонг Конг, поранешна британска колонија,која се врати во Кина во 1997 година, се управува по принципот „една земја, два система“, а Хонг Конг ужива слободи непознати за остатокот од Кина. Овој принцип ќе се применува во Хонг Конг до 2047 година.

„Мора да го поддржиме Хонг Конг, но јас исто така го поддржувам претседателот Си“, рече Трамп.

Трамп ја даде изјавата откако американскиот Конгрес донесе резолуција во која се истакнува поддршката за „човековите права и демократијата“ во Хонг Конг.

Резолуцијата сè уште чека на потписот на Трамп.

Ветеринарната комора апелира да се искористат бенефициите за бесплатно чипирање на домашните миленици

Сопствениците на домашни миленици да ја искористат можноста за бесплатно микрочипирање на своите миленици.

Ветеринарната комора на Република Македонија, на истекот на кампањата за масовна идентификација и регистрација на домашните миленици (чипирање), која завршува на 31.12.2019 година, апелира до сопствениците на домашни миленици да ја искористат можноста за бесплатно микрочипирање на своите миленици.

После истекот на овој период, како што велат од Ветеринарната комора, микрочипирањето и регистрацијата ќе се наплаќа по редовна цена, а Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и другите инспекциски служби ќе вршат зајакната контрола и ќе ги санкционираат сопствениците кои не го идентификувале својот домашен миленик.

До овој момент во информативниот систем на АХВ се регистрирани 72.155 домашни миленици од кои 69.234 кучиња и 2.921 мачки.

Ветеринарната комора, преку своите членови и понатаму ќе се вклучува во сите активности, кои имаат за цел јакнење на одговорното сопствеништво, како еден од најважните предуслови за решавање на долгогодишните проблеми со бездомните животни. /МИА

Во поплавите во Уганда загинале 16 лица

Најмалку 16 лица загинале во поплавите во африканската држава Уганда.

Портпаролката на Црвениот крст на Уганда Ирене Накаиста изјавила дека обилните дождови предизвикале голема природна катастрофа на истокот од таа африканска земја.

Локалните власти соопштуваат дека повеќе од 10.000 мештани се евакуирани од најзагрозените региони и привремено се здружени по училишта и цркви.

Владата на Уганда издвоила 5,4 милиони долари за помош на загрозените од овие поплави.

Мачеле и убиле куче а потоа го оставиле врзано за ограда од мост

Откако го мачеле и убиле го оставиле врзано за ограда од мост во населбата Мала Губа во Србија.

Имено, како што се гледа на фотографијата, несреќното животно е мачено и врзано а покрај него се наоѓа и локва со крв.

Билјана Вуќелиќ од Прокупље, која е застапник на животните е згрозена од овој чин.

-Страшно е што овој крај станува мачилиште за животни и ова ги преминува сите граници на нормално однесување, вели таа.

Едно здружение за заштита на животните од Србија понудило и 1.000 евра за оној кој ќе даде информација за сторителите на ова злодело.

притисни ентер